За Советот на Европа
Home » За Советот на Европа
Советот на Европа е водечката организација за човекови права на континентот
Тој вклучува 47 држави-членки, а 28 од нив се членки на Европската унија. Сите членки на Советот на Европа ја имаат потпишано Европската конвенција за човекови права, спогодба која ги штити човековите права, демократијата и владеење на правото.
Европскиот суд за човекови права ја надгледува имплементацијата на конвенцијата во државите кои се членки. Поединците можат да се пожалат за прекршување на човековите права во Стразбуршкиот суд, откако се направиле сите видови на апелација во државата-членка за која станува збор. Европската унија се подготвува да ја потпише Европската конвенција за човекови права, со што ќе се создаде заеднички европски правен простор за над 820 милиони граѓани.