Образование за демократско граѓанство и образование за човекови права

Home » Образование за демократско граѓанство и образование за човекови права

„Образование за демократско граѓанство“ значи образование, обука, ширење, информација, практики и активности кои се стремат да ги оспособат учениците да ги практикуваат и бранат нивните демократски права и одговорности во општеството, да ја ценат различноста и да имаат активна улога во демократскиот живот преку промовирање и заштита на демократијата и владеењето на законот. Ова се постигнува со пренесување на знаење и вештини на учениците, разбирање и влијаење на нивните ставови и однесување.

„Образование за човекови права“ значи образование, обука, ширење, информација, практики и активности кои се стремат да ги оспособат учениците да учествуваат во градење и бранење на една универзална култура на човекови права во општеството преку промовирање и заштита на човековите права и основни слободи. Ова се постигнува со пренесување на знаење и вештини на учениците, разбирање и влијаење на нивните ставови и однесување.

Образованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права се тесно поврзани и се заемно поддржани. Тие се разликуваат според фокусот и доменот, а не во целите и практиките. ОДГ главно се концентрира на демократските права и одговорности и активното учество, поврзани со граѓанските, политичките, социјалните, економските, правните и културолошките сфери на општеството. ОЧП се занимава со поширокиот спектар на човекови права и основни слободи во секој аспект од животот на луѓето.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Која е целта на бразованието за демократско граѓанство и образованието за човекови права?

ОДГ и ОЧП се стремат да им дадат знаење, разбирање, вештини и ставови на луѓето, како помош во заземањето активна улога во нивната заедница, без разлика дали е на локално, национални или интернационално ниво. Им покажува на луѓето како да бидат информирани за нивните права, одговорности и должности и им помага да сфатат дека тие можат да влијаат и направат разлика.

Што е ОДГ/ОЧП?

ОДГ и ОЧП не се случуваат само во училиштата за време на часовите по граѓанско образование. Тие ги опфаќаат сите форми на образование и важат за децата, младите возрасни (на универзитет/факултет), возрасните, вработените и стручно обучуваните. Можете да ги сретнете ОДГ и ОЧП преку работата на активистичките групи и веб-страни наменети за децата. Не се работи само за тоа да се научи да се гласа. Се работи за способноста да се решаваат проблеми во семејството без прибегнување кон насилство. Се работи за способноста да се решаваат проблеми на игралиште на праведен и разумен начин. Се работи за способноста на соседите да се здружат за нивната околина да е чиста и безбедна.

Зошто ни се потребни ОДГ и ОЧП?

Демократското граѓанство е вештина, а вештините треба да се научат. Многу училишта порано образуваа за основните структури на власта; многу малку училишта образуваа како учениците да имаат глас во општеството во кое живеат и зошто е тоа битно. Демократијата доаѓа од грчкиот збор кој значи „владеење на народот“. Сепак, многу студии покажуваат дека повеќето луѓе во Европа го губат правото на глас во нивниот политички систем. Не им веруваат на политичарите, збунети се во врска со политичките институции и скептични се за битноста на гласањето.

Како тие им помагаат на младите луѓе?

Децата и младите луѓе можеби не се доволно возрасни да гласаат на избори или да се поротници, но имаат права, должности и право на глас. ОДГ/ОЧП ги развива вештините кои им се потребни за на училиште и дома, а истовремено им дава знаење за во иднина.

Како пак им помага на возрасните?

Многу од возрасните го изгубиле интересот за тоа што го сметаат за „политика“. Тие се љубоморни на политичките партии и сметаат дека нивните претставници се отсечени од нив и нивното гледање на работите. Но, многу луѓе се заинтересирани за светот околу нив – како активисти за локалните болници, природната средина, против малтретирањето на животни и сл. ОДГ/ОЧП им помага на овие луѓе да видат како можат да имаат влијание во општеството.

Нема пречки во тоа луѓето да се овозможени да се изразат. Некои жени не можат да гласаат или да се вклучат во општеството бидејќи потекнуваат од средина каде што мажите се доминантни. Луѓето со попреченост и постарите луѓе може да се оштетени бидејќи потешко е да се чуе нивниот глас. ОДГ/ОЧП помага во тоа ним да им даде самодоверба, а да ги отвори очите и ушите на остатокот од општеството.

Зошто е вклучен Советот на Европа?

Советот на Европа е најстарата и најголемата европска организација. Со 47 држави-членки, ја покрива скоро целата географска Европа и ги засега животите на над 800 милиони луѓе кои живеат овде. Советот на Европа е чувар на човековите права за граѓаните на Европа, на демократијата и владеењето на Законот. Ова е најдобрата структура за да се надгледува ОДГ/ОЧП во Европа.

Неколку мисли за демократијата, човековите права и образованието

“Ако слободата и еднаквоста првенствено се дел од демократијата, како што некои мислат, тие најдобро ќе се постигнат кога сите слични луѓе ќе се дел од демократијата на највисоко ниво.” Аристотел  (384 – 322 п.н.е.)

“Образованието е најмоќното оружје кое можете да го искористите за да го промените светот.”  Нелсон Мандела

“Морате да бидете промената што сакате да ја видите во светот.”

За да се чува демократијата, луѓето мора да имаат развиено чувство за независност, самопочит и свое единство. Духот на демократијата не може да се наметне однадвор.”

Тој мора да произлегува одвнатре. Во вистинската демократија, секој маж и жена се учи да мисли сам/а за себе.” Махатма Ганди

“Гласањето е една од неколкуте работи каде бојкотирањето со протест очигледно ги прави работите полоши, намесо подобри.” Џејн Ауер американски автор

“Светот е опасно место, не поради тие што прават зло, туку поради тие што гледаат отстрана и не прават ништо.” Алберт Ајнштајн

“Одговорноста не припаѓа само на водачите на нашите земји или тие кои се назначени или избрани да вршат одредена должност. Таа припаѓа на сите нас поединечно. Мирот, на пример, почнува во секој од нас. Кога имаме внатрешен мир, можеме да имаме мир со тие околу нас.” Далај Лама

Аспекти на граѓанството

Демократското граѓанство не е ограничено на правниот статус на граѓанинот и правото на глас кое се подразбира со овој статус. Тоа ги вклучува сите аспекти од животот во демократско општество. Затоа, демократското граѓанство е поврзано со најразлични области како што се одржливиот развој, учество на луѓето со попреченост во општеството, полова нееднаквост, спречување на тероризам и многу други области.