За нас
Универзитетот за образование на наставници Цирих (PH Zurich) е институт за образование и практична обука за наставници во швајцарскиот кантон Цирих. Активен е од есента 2002-ра година, а произлезе од здружувањето на предходни единаесет институции за образование на наставници. Тој припаѓа на Асоцијацијата на универзитети за применети науки во Цирих и поделен е во следните области на активност:
- Обука за идни наставници за сите нивоа на образование
- Обука и консултација за активни наставници и надлежни органи во училиштата
- Истражување и услуги
Моментално во ПХ Цирих студираат околу 3200 студенти, 550 луѓе работат како професори, научни соработници и асистенти, а 240 се вработени во административна, техничка и оперативна служба ( со полно или половина работно време). Исто така, годишно добиваме околу 20 000 пријавувања за понатамошно образование, професионален развој, советување и обучување.
[large_8_alpha]
Универзитет за образование на наставници Цирих (PH Zurich)
Водечки национален универзитет кој нуди услуги во образованието
[/large_8_alpha] [one_third_omega][btn_orange url=”http://www.phzh.ch/Documents/phzh.ch/Ueber-uns/Factsheet_PHZH_E.pdf” target=”_self” position=”left”] Симнете ја брошурата [/btn_orange][/one_third_omega]