Картички со детските права

Home » Картички со детските права

.

C_R_C_imageB

 

Илустрирани детски права (Картички со детските права)

На почетокот, детските права најпрво беа правен инструмент. Но, во контекст на училиштата,се разбира дека секој член треба да се разбере и толкува од перспектива на целната група. Картичките со детски права помагаат да се постигне целта на развој на знаење и примена на овие права. Картичките можат да се користат на различен начин. Еве некои примери:

  • Илустрацијата и текстот може да се исечат, превиткаат и залепат, за да се направат двострани картички. На овој начин може да се направат и флеш-картички (flashcard). Учениците можат да се тестираат себеси или меѓусебно.
  • Илустрациите и текстот може да се исечат за да се направи картички за меморија. На овој начин, учениците можат да ги учат детските права и да се забавуваат преку играње игра.
  • Илустрациите може да се исечат и наредат според различни критериуми:
    – Да се групираат во четири критериуми (учество – право на учество, исполнување на нашиот потенцијал – право на личен развој, добро живеење – право на преживување, заштита од зло – право на заштита).
    – Да се групираат во категории на лични вредности: Што е важно во мојот живот? Кои прашања се релевантни за мојата земја, заедница, училиште?
    – Да се собираат илустрации и други исечоци од списанија, статии и сл. за да се илустрираат слични тематики.
    – Учениците можат да добијат инспирација од овие илустрации и да нацртаат свои илустрации за детските права.
  • Да бидат зголемени и обоени од учениците ( а подоцна можеби и врамени). Тие можат да се користат за декорација на училници и ходници.
  • Да бидат комбинирани со краток опис на лични искуства, а потоа да се направат мали брошури.

Симнете ги сите картички во PDF