Правни текстови
Конвенција за заштита на Вашите права и слободи (човекови права)
Европската конвенција за човекови права е првата конвенција од Советот на Европа и камен-темелник на сите негови активности. Беше усвоена во 1950 г. и стапи на сила во 1953 г. Прифаќањето на повелбата е предуслов за приклучување кон организацијата.
Европскиот суд за човекови права ја надгледува имплементацијата на конвенцијата во 47 држави-членки на Советот на Европа. Поединците можат да се пожалат за прекршување на човековите права во Стразбуршкиот суд, откако се направени сите видови на апелација во засегнатата држава-членка. Европската унија се подготвува да ја потпише ЕКЧП, а со тоа ќе се создаде заеднички европски правен простор за над 820 милиони граѓани.
Дознајте повеќе за Човековите права на веб-страната на Советот на Европа
Европска социјална повелба
Европската социјална повелба е спогодба на Советот на Европа која гарантира социјални и економски човекови права. Беше усвоена во 1961 г. и ревидирана во 1996 г.
Европскиот комитет за социјални права го оценува придржувањето на државите до Европската социјална повелба, Дополнителниот протокол од 1988 г. и ревидираната Европска социјална повелба.
Кликнете овде за да ја прочитате целосната Европска социјална повелба
Конвенција за права на детето
Конвенцијата за права на детето на Обединетите нации (CRC, CROC, UNCRC) е спогодба за човекови права која ги одредува граѓанските, политичките, економските, социјалните, здравстевните и културните права на децата. Конвенцијата го дефинира детето како човечко суштество кое е помладо од осумнаесет години, освен ако возраста е помала според законодавството во одредена држава. Прочитајте за Конвенцијата за права на детето на Википедија.
Најди ја Конвенцијата за права на детето