ОДГ/ОЧП пакет

Home » ОДГ/ОЧП пакет

Повелба за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права на Советот на Европа

Образованието има клучна улога во унапредувањето на суштинските вредности на Советот на Европа: демократија, човекови права и владеење на правото, како и заштита на човековите права.

Поопшто, образованието се’ повеќе се гледа како одбрана против зголемување на насилството, расизмот, екстремизмот, ксенофобијата, дискриминацијата и нетолеранцијата.

Оваа зголемена свесност се отсликува во усвојувањето на Повелбата за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права на Советот на Европа од страна на 47 земји-членки, во Рамката на препораки CM/Rec(2010)7.

Повелбата е битна референтна точка за сите тие кои се занимаваат со образованието за граѓанство и човекови права. Се надеваме дека таа ќе биде фокус и катализатор за дејствување во земјите-членки. Исто така, таа е начин на ширење на добрата практика и зголемените стандарди во Европа и пошироко.
.


  • Democratic governance of schools

    Демократско раководење на училиштата

  • How all teachers can support citizenship and human rights education: a framework for the development of competences

    Како сите наставници можат да го поддржат образованието за граѓанство и човекови права:

    рамка за развој на компетенции
  • Strategic support for decision makers Policy tool for education for democratic citizenship and human rights

    Стратешка поддршка за оние кои донесуваат одлуки

    Стратешка алатка за образованието за демократско граѓанство и човекови права
  • Tool for Quality Assurance of Education for Democratic Citizenship in Schools

    Алатка за одржување на квалитетот во образованието за демократско граѓанство во училиштата

  • School–community–university partnerships for a sustainable democracy: Education for democratic citizenship in Europe and the United States of America

    Партнерства на училишта-заедница-универзитети за одржлива демократија

    Образование за демократско граѓанство во Европа и Соединетите Американски Држави