Идентитет
Нашиот идентитет е нашиот поим за себеси – каква личност мислиме дека сме. Како самите се гледаме зависи од околностите. Не е невообичаено, на пример, некоја млада личност да делува како две сосема различни личности дома и на училиште. Идентитетот делумно е работа на личен избор, а делумно одраз на тоа како другите не гледаат и категоризираат – кое често е проблем за малцинските групи. Во училиштата, младите луѓе размислуваат за нивниот идентитет и како предрасудите и стереотипите можат да влијаат на сопствената слика на една личност. Тие развиваат самодоверба за да се справат со проблемите како што се дискриминацијата и малтретирањето.