Правила и закони

rules-law

Правилата постојат за да се спречат караници, да се обезбеди праведност и за да можат работите да се одвиваат нормално – без разлика дали е дома, на училиште или при играње некоја игра. Законите го прават истото за општеството. Законите постојат за да се заштитат нашите права и слободи и да се создаде побезбедно општество. Сепак, не се сите правила и закони добри. Добрите правила и закони ги почитуваат човековите права, тие се практични, спроведливи и бараат согласност од сите. Во училиштата, младите луѓе размислуваат за намената на правилата и законите и како тие се создаваат. Тие учат за процесот на правење правила преку помошта која ја добиваат за самите да направат правила за раководење со нивната училишна заедница.