Зошто моето дете е агресивно

Living Democracy » Parents » ДЕЦА (4 – 12 years) » Агресивно однесување » Зошто моето дете е агресивно

< Back


Зошто моето дете е агресивно? – Разбирање на причините за агресивност

Наспроти популарното верување, агресивноста не е вродена карактерна особина. Всушност тоа е едно својствено однесување кои може да се појави во одредени ситуации или настани кои нашиот мозок ги смета за опасни. Ова е понекогаш од суштинско значење за опстанокот, а тоа несомнено било така за нашите предци од каменото време.

Секое агресивно однесување има причина, а информацијата доаѓа преку проценка на ситуацијата од страна на нашиот мозок. Ваквиот напад, гледан од индивидуална перспектива, е одговорен за агресивното однесување на една личност. Најочигледниот поттик на насилство е физичката болка. Личноста која е удрена, најверојатно ќе го врати ударот. Сепак, психолошката болка, како што е социјалната маргинализација, неправдата или презирот се обработуваат во истата област на мозокот како и физичката болка и затоа и тие се сметаат за причина за агресија исто. Прагот на тоа кога ќе се случи еден напад е доста индивидуална работа. За некое дете да збесне може да биде доволен еден погрешен поглед, додека пак друго ќе одговори насилно само ако го туркаат и удираат.

Агресијата како реакција на напад не мора да биде насочена кон напаѓачот кој ја преминал линијата. Ако детето го понижи некој постар ученик, агресивната реакција на детето веројатно нема да се насочи кон агресорот кој е веројатно посилен, но можеби кон помладиот и послаб брат на детето. Агресивноста може да се појави и во подоцнежно време, така што не може да се направи врска со првичниот напад. Затоа, агресивното однесување може да се произлезе од никаде и имаме впечаток дека детето е „едноставно такво“ без очигледни причини, агресивно кон себеси или другите деца.

Оттаму, агресивното однесување секогаш треба да се сфати како еден вид повик. Навистина вреди да погледнеме подобро, особено со деца кои често покажуваат агресивно однесување. Кои линии постојано се преминуваат? Од кого? Како се прекршуваат границите? Како можам да го поддржам детето кое доживеало напад? Како може детето да се справи со својата агресија на поинаков начин?
Важна задача на образованието е да им се обезбеди на децата начин да се справат со агресивните чувства. Ние во никој случај не сме заложници на нашиот мозок и можеме да одговориме на нападот на поинаков начин наместо насилство. Човечките суштества можат да размислуваат за своите постапки и последици и затоа можат да утврдат дали нивната реакција е социјално компатибилна. Да се всади ова кај нашите деца е еден од нашите основни предизвици како родители. Насилните видеа и игри од кои децата го гледаат насилството како начин да успеат се контрапродуктивни од образовна перспектива, бидејќи децата учат многу работи со имитација. Тие го доживуваат насилството како начин да се оди напред во многу игри и евентуално може да го пренесат овој став во нивниот реален, секојдневен живот. Од оваа причина, родителите мора да бидат претпазливи во врска со игрите што ги играат нивните деца, како и за видеата што ги гледаат.