Основи на човековата комуникација

Living Democracy » Parents » ДЕЦА (4 – 12 years) » Агресивно однесување » Основи на човековата комуникација

< Back


Основи на човековата комуникација

Да ја прифатиме следната дефиниција за комуникација: Секоја комуникација е порака помеѓу испраќачот и примачот. Децата и родителите можат да бидат и испраќачи (лица кои сакаат да пренесат нешто) или приматели (лица кои примаат порака).

Ние не може да не комуницираме. Дури и кога молчиме и избегнуваме контакт со очи со други лица, испраќаме порака: „Остави ме сам, сакам да бидам сам/а!“ Освен тоа, бебињата и малите деца можат и сакаат да комуницираат со нас. Тие го прават тоа на невербален начин и затоа често е потешко да ги разберат нивните родители. Исто така, многу малите деца се обидуваат да ги искажат своите чувства, потреби и волја. За да се обезбеди успешен и задоволителен процес на комуникација со нашите деца, важно е да се потрудиме да ги декодираме и разбереме нивните напори за невербална комуникација.

Постојат симетрични и комплементарни комуникативни ситуации. Симетрична подразбира комуникација помеѓу еднакви партнери: пријатели, браќа и сестри или колеги; комплементарната комуникација се заснова на нееднакви односи, како што се меѓу наставниците и учениците, работодавците и вработените, родителите и децата. Овие односи се дефинираат од страна на структурите на моќ каде што лицето во позиција на моќ може да изврши притисок врз друго лице. Секако, полесно е да се комуницира од позиција на моќ, како што е нашата позиција на родители. Но, мора да се внимава да не ја злоупотребиме оваа моќ бидејќи во спротивно комуникацијата може да даде лоши резултати и со негативни последици врз односот со нашите деца. Децата се секогаш во подредена положба кога комуницираат со своите родители. Тие не можат да излезат од тоа.

Интерпункцијата на комуникативниот процес: Испраќачот и примачот го структуираат текот на комуникацијата различно и со тоа го толкуваат сопственото однесување за време на комуникативниот процес само како реакција кон однесувањето на другиот (секој партнер смета дека другиот е причина за определено однесување ) Да се има интерпункција во комуникацијата значи да се толкува одредена тековна низа на настани со означување на еден настан како причина, а последователниот настан како реакција (ако се случи нешто, секогаш се случува и нешто друго).