Јас-Пораки

Living Democracy » Parents » ТИНЕЈЏЕРИ (13 – 18 years) » Дрога » Јас-Пораки

< Back


Јас-Пораки

Обидете се често да испраќате „Јас-Пораки“. Во овие пораки ги искажувате своите чувства, мисли и очекувања. Ефективната јас-порака се состои од три дела:

  1. опис на (неприфатливо) однесување
  2. чувствата на родителот / испраќачот
  3. практичниот ефект од однесувањето на детето врз родителот/испраќачот

Однесувањето е она што го прави или кажува вашето дете. Обезбедете едноставен опис на неприфатливото однесување. Бидете внимателни: не осудувајте/оценувајте, ниту толкувајте ова однесување!

Во вториот чекор, проценете ги вашите чувства евоцирани од ваквото однесување. Кои се моите чувства? Вие мора да ги пренесете искрено. Да се биде искрен и да не се кријат емоциите и чувствата, бара голем напор. На овој начин, вашето дете може да разбере зошто ваквото однесување не е прифатливо и дека треба да се промени.

Вашето дете мора да знае зошто неговото/нејзиното однесување е проблем и е неприфатливо. Исто така, мора да ги соопштите конкретните и практични последици од ваквото однесување. Покрај тоа, ова неприфатливо однесување предизвикува и други негативни ефекти (губење време или пари, повеќе работа за вас, спречувајќи ве да направите други работи што ви се допаѓаат или морате да ги правите, итн.).

Запомнете:
Јас-Порака = однесување + чувства + ефект

Тука ќе најдете некои задачи за вежбање на вашите Јас-Пораки!