Домашни задачи

Living Democracy » Parents » ДЕЦА (4 – 12 years) » Домашни задачи

 

После долг ден на училиште, Марија, вашата 9-годишна ќерка, неволно прифаќа да ја заврши домашна работа. Откако малку се обидувала и не успеала да сфати, таа е многу фрустрирана и сака да се откаже1.

Кому не му е позната оваа ситуација? Проблемите со домашните задачи се честопати број еден конфликт во многу семејства. Родителите кои сакаат да ги мотивираат и издигнат своите деца, сакаат тие да ги завршат своите домашни задачи како што треба. Домашните задачи се сметаат за важни можности за учење што децата не смеат да ги прескокнат. Сепак, учениците честопати не се подготвени да посветат многу време на академско учење надвор од училиштето. Можеби не ги разбираат задачите и што треба да прават. Згора на тоа, тие не можат да побараат помош ако двајцата родители се на работа, додека родителите кои сакаат да помогнат брзо се претворат во „помошни наставници“. Така, тие ги контролираат, потсетуваат и наметнуваат санкции на своите деца од загриженост дека задачите инаку не би биле завршени, или неправилно завршени. Како треба да постапат родителите во таква ситуација?

Изберете од следниве можни реакции и видете како работите можат да продолжат и какви предлози имаме за вас!



Совети и трикови за справување со контроверзните прашања кај „домашната работа“

Делегирајте ја одговорноста! Домашните задачи се работа помеѓу наставниците и учениците. Како родители, честопати несвесно извршувате притисок врз вашите деца затоа што се чувствувате одговорни за нивната професионална иднина и сè што е поврзано со тоа. Не се впуштајте во кавга за тоа кој е главен, делегирајте ја одговорноста за завршување на домашните задачи на вашите деца. На овој начин, тие учат да преземат одговорност за своите постапки и да станат посамоуверени во процесот. Одговорното однесување и делување се од витално значење за вашите деца како идни, автономни граѓани во едно демократско општество.

Кога домашните задачи се работат премногу долго … Ова може да се случи од различни причини. Можеби задачите не се јасни, или учениците погрешно разбрале. Како и да е, децата понекогаш бараат помош од нивните родители, сфаќајќи дека „кога имам потешкотии, моите родители ќе дојдат и ќе ми го посветат своето време и внимание.“ Сепак, многу деца се презаситени со домашните задачи и на тој начин стануваат обесхрабрени и фрустрирани. Обидете се да ја сфатите причината за прекумерното време поминато во домашни задачи, а потоа постапете соодветно.

Малите паузи се од суштинско значење! Ако сметате дека вашите деца се честопати фрустрирани од домашните задачи или се презаситени со мноштво задачи без план за работа, треба да подготвите распоред за задачите заедно со вашите деца. Не преценувајте ја нивната способност да се концентрираат и вклучете кратки паузи во работниот распоред на вашите деца.

Домашна работа како повод за други конфликти? Дали вашите деца се чувствуваат неправедно третирани од нивните наставници? Има ли проблеми во училиште? Дали вашите деца се чувствуваат несфатено? Проблемите со домашна работа може да се појават и од други причини. Одвојте време да ги разберете чувствата на вашите деца и да ги сфатите сериозно. Може да најдете корисни, релевантни предлози и совети под насловот „отворена комуникација“.

Зборувајте со наставниците на вашите деца! Ако сметате дека на вашите деца им е потребно премногу време за домашните задачи или ако има други проблеми со домашните задачи, контактирајте ги директно нивните наставници и навремено разговарајте за вашите прашања и проблеми. Така, неизвесностите можат да се решат пред вашите деца да почнат да очајуваат поради своите задачи и да се појават поголеми конфликти дома.

„Зборување со децата за домашни задачи“ се базира на следните наводи:

1 Хojк-Маус, Дорис. 2016. So rede ich richtig mit meinem Kind: Wie Worte wirken: Konflikte fair lösen: Stressfreier erziehen. Hannover: Humboldt, 33 ff.

2 Хojк-Маус, Дорис. 2016. So rede ich richtig mit meinem Kind: Wie Worte wirken: Konflikte fair lösen: Stressfreier erziehen. Hannover: Humboldt, 32.

3 Хojк-Маус, Дорис. 2016. So rede ich richtig mit meinem Kind: Wie Worte wirken: Konflikte fair lösen: Stressfreier erziehen. Hannover: Humboldt, 44.

Браун, Лиселот. 2017. “Knatsch bei den Hausaufgaben- das muss nicht sein.» Das Schweizer Elternmagazin Fritz und Fränzi, April, 18-19.

Совет на Европа. 2016. Компетенции за демократска култура. Живеење заедно како еднакви во културно разновидни демократски општества.Страсбург: Издаваштво на Советот на Европа, 41 f.

Хojк-Маус, Дорис. 2016. So rede ich richtig mit meinem Kind: Wie Worte wirken: Konflikte fair lösen: Stressfreier erziehen. Hannover: Humboldt, 25 ff.