Обука за отворена комуникација

Living Democracy » Parents » ДЕЦА (4 – 12 years) » Домашни задачи » Обука за отворена комуникација

< Back < Back to Bullying < Back to Throwing a Tantrum


Обука за отворена комуникација

Овде ќе најдете различни ситуации од секојдневниот живот со деца. За секој случај се дадени две различни реакции од родителот. Замислете како интеракцијата би продолжила според наведената реакција од родител и запишете ја.

Потоа, размислете за интеракциите со помош на следниве прашања: Која реакција на родител доведува до подобро разбирање на детето и неговата / нејзината ситуација? Како може детето да најде решение за неговиот/нејзиниот проблем /ситуација? Како родителот може да го води детето низ неговите чувства, потреби? Која родителска реакција води кон конфликт?

На вечера 2
4-годишната Саманта не сака да јаде. Таа само чепка во нејзините компири.

A: „Саманта, не биди таква глумица! Јади ги компирите или ќе си легнеш да спиеш без приказна!“ Мајката зборува гласно, и предупредува со прстот. Б: „Гледам дека само ја чепкаш храната и ја гледаш чинијата. Исто така рече дека не сакаш ништо. Веројатно си само уморена и не си гладна. Така е?“
Како би продолжила оваа интеракција? Како би продолжила оваа интеракција?

Станување наутро 3
10-годишната Оливија седи во креветот и објаснува: „Денес не можам да одам на училиште.“ По три будења, таа се жали: „Остави ме на раат! Боли!“

A: „Не ми изгледаш болна, излегувај од кревет! И ние треба да одиме на работа кога не ни се оди.“ Б: (замислете реакција во ситуација со отворена комуникација: Што би рекла мајката?
Како би продолжила оваа интеракција? Како би продолжила оваа интеракција?

Време за јадење
Стефан има 14 години. Веќе две недели тој одбива да јаде ручек со неговото семејство, велејќи: „Не сум гладен!“. Сега, таткото сака тој да го промени однесувањето.

A: Се додека живееш во наша куќа, ќе ги почитуваш нашите правила. Едно од тие правила е дека заедно ручаме. Ајде сега дојди со нас и седни на масата!“ Б: (замислете реакција во ситуација со отворена комуникација: Што би рекол таткото?)
Како би продолжила оваа интеракција? Како би продолжила оваа интеракција?