Една од најважните одговорности на растењето е…
Вашата ќерка Софија се враќа дома, зашеметена и нестабилна, по роденденот во куќата на една другарка. 15-годишната мириса на алкохол и претпоставувате дека откривате и слаб мирис на канабис.
Како би реагирале? Изберете една од понудените опции:
Ако ги набљудувате следниве предупредувачки знаци, треба да бидете претпазливи и да се обидете да ги вклучите вашите тинејџери во разговор:
- Вашите деца одеднаш лошо напредуваат на училиште.
- Нивниот ритам на спиење значително се менува.
- Вашите деца се повлекуваат и ве избегнуваат.
- Вашите деца ги менуваат пријателите или целосно губат контакт со нив.
- Тие покажуваат недостаток на интерес за своите хобија.
- Вашите деца имаат невообичаено силни емотивни флуктуации и малку или воопшто немаат желба за ништо.
- Вашите деца трошат повеќе пари од вообичаеното.
Овие промени може да бидат дел од нормалниот развој за време на пубертетот. Затоа, најдобро е да не се паничи, туку да останете впуштени во разговори за да дознаете повеќе за причините за овие промени.
За дополнителни информации:
https://www.webmd.com/mental-health/addiction/tc/teen-alcohol-and-drug-abuse-topic-overview#1
https://www.drugabuse.gov/publications/principles-adolescent-substance-use-disorder-treatment-research-based-guide/principles-adolescent-substance-use-disorder-treatment
„Зборување со децата за дрога“ се заснова на следниве извори:
1 Гордон, Томас (Gordon, Thomas). 2012. Familienkonferenz. Die Lösung von Konflikten zwischen Eltern und Kind. 3. Aufl. München: Heyne, 143 ff
Die Stellen zur Suchtprävention im Kanton Zürich. 2016. Trinken, Rauchen, Kiffen. Abhängigkeit bei Jugendlichen vermeiden. Tipps für Eltern von 11- bis 16-Jährigen. Broschüre, 5. überarb. Aufl.
Гордон, Томас (Gordon, Thomas). 2012. Familienkonferenz. Die Lösung von Konflikten zwischen Eltern und Kind. 3. Aufl. München: Heyne.
Нолан, Вирџинија. (Nolan, Virginia) 2016. «Mein Kind kifft. Was nun?» Das Schweizer Elternmagazin Fritz und Fränzi, Februar. преземено на 10.11.2016 година.
https://www.fritzundfraenzi.ch/gesundheit/psychologie/mein-kind-kifft-was-nun