Загриженост

Living Democracy » Parents » ТИНЕЈЏЕРИ (13 – 18 years) » Дрога » Загриженост

< Back


 

Препорачливо е да започнете разговор во тивка атмосфера. Во решавањето на ова чувствително прашање, можеби ќе сакате да го опишете вашето гледиште за ситуацијата и чувствата што ги предизвика кај вас:

„Кога се врати дома од роденденот минатата ноќ, помирисав алкохол и канабис. Јас навистина се уплашив кога те видов зашеметена “.

Можете да ги следите и да ги сумирате потенцијалните ефекти од постапката на вашата ќерка:

„Дрогата може да има силен дезинхибиторен1 (disinhibitory) ефект, што значи дека можете да направите работи под влијание што инаку не би ги правеле и за што подоцна би се каеле. Покрај тоа, дрогата не е добра за вашето здравје, таа може да предизвика зависност и оштетување на мозокот.”

На овој начин имате формулирано целосна јас-порака. Дополнителни информации и вежби за јас-пораките може да се најдат тука

Како можеше разговорот да продолжи? Можете да најдете повеќе совети за конструктивен разговор тука

1. „Дезинхибиторен ефект“ е психолошки феномен кој се однесува на однесувањето што индивидуите го покажуваат под дејство на алкохол или дрога. На кратко, тоа е стариот синдром „алкохол ослободува од инхибиции“. Тоа е токму тој феномен на дејствување похрабро или дрско во релативна удобност отколку што би било нормално за таа индивидуа.