Навики во исхраната – Анализа

Living Democracy » Parents » МАЛИ ДЕЦА » Навики во исхраната » Навики во исхраната – Анализа

< Back


Анализа

Пронајдете конструктивен начин за успешна интеракција со вашето дете според трите „ П“. Овие прашања може да ви помогнат да најдете успешни начини за интеракција:
Поголема вклученост: Каква е ситуацијата за вашето дете?
Повеќе разговор: Што можете да му кажете на вашето дете? Опишете ги карактеристиките на храната. Опишете го она што гледате дека вашето дете го прави. Опишете ги своите чувства, зошто сте лути?
По редослед: Што може вашето дете да направи само? Што следно би можеле да го правите заедно?

Идеи за комуникација со трите „П“:

Поголема вклученост: Гледам дека си играш со храната. Не ти се допаѓа тоа што е во чинијата? Не си гладен/гладна?
Повеќе разговор: 
Така кога ја фрлаш храната, ќе потрошам многу време за да ја исчистам кујната. Ајде да погледнеме во твојата чинија заедно. Тука гледам многу вкусно јадење, а и многу добро мириса. Ти мириса и на тебе? Може да ти помогнам во јадењето?
По редослед:
Каква храна би сакал/а да пробаш следно? Морковот? Ммммм, има сладок вкус! Ајде да ги исечеме морковите на мали парченца, можеме заедно да ги сечеме. Колку макарони има во твојата чинија? Ајде да броиме заедно! Дали сакаш да се напиеш вода или чај? Можеш сам/а да ја држиш чашата. Што би сакала да пробаш следно? Можеш сам/а да ги извадиш грашочињата од чинијата, ако сакаш.