Навики во исхраната – Совети

Living Democracy » Parents » МАЛИ ДЕЦА » Навики во исхраната » Навики во исхраната – Совети

< Πίσω


Совети

Општи совети за јадење со мали деца:

Имајте во предвид дека вашето дете можеби е уморно, а не гладно. На оваа возраст, децата не се свесни за нивните потреби и желби. Тие исто така не се во можност да ги пренесат. Така, вашето дете можеби сака да каже: Јас не сум гладен/гладна, но многу сум заинтересиран/а за мојата околина. Охо, многу интересни работи има! И што можам да правам со нив!

Затоа, не го сфаќајте дејствувањето на вашето дете лично: Тоа не сака намерно да ви создава повеќе работа.

Ако мислите дека повеќе не можете да се справите со однесувањето на детето, излезете од ситуацијата. Немој да се карате за јадење: Ако вашето дете не сака да јаде сега, можеби тоа сака да јаде подоцна. Тргнете ја чинијата и кажете му дека ќе се обидете повторно подоцна кога тој/таа можеби ќе биде биде гладен/гладна.

Секогаш бидете свесни дека однесувањето на вашето дете никогаш не треба да ве вознемирува. Затоа, немојте да се лутите! Обидете се да останете опуштени!