Напад на бес

Living Democracy » Parents » МАЛИ ДЕЦА » Напад на бес

 

Вие купувате намирници со вашата 2-годишна ќерка Селина која открива многу интересни работи како на пр. чоколадо, пластични чинии и списанија. Таа сака да ги ставите овие производи во количката и да ги купите. Но вам не ви требаат овие производи и ѝ велите да ги остави. Потоа, Селина сака да купи три кутии од нејзините омилени колачиња. Вие велите: „Не Селина, веќе имаме колачиња дома. Те молам врати ги назад на полицата! “Но, Селина не слуша и инсистира да ги купите овие колачиња. Таа започнува да има напад на бес и не изгледа дека ќе се смири во скоро време.

Каква би била вашата реакција? Можете да изберете една од следниве 5 опции. Изберете еден од можните реакции и продолжете со читање на посочената страница за да видите како може да се развие ситуацијата. Исто така, ќе најдете и објаснувања зошто би било препорачливо да не се реагира на одреден начин.


„Добро малечка!, Земи си ги колачињата!“

„Не Селина, сега стани и биди умна! Немој да се однесуваш така!“

„Замолчи или ќе има друго. Ми ја гледаш раката?“

„Гледам дека си многу лута сега.“


За општи совети и помош за како да се справите со нападот на бес на вашето дете, кликнете тука за повеќе информации!

“Што треба да знам за комуникацијата со мали деца додека имаат напад на бес?”


„Разговарање со децата при напад на бес“ се базира на следните наводи:

1 Хojк-Маус, Дорис. 2016. So rede ich richtig mit meinem Kind: Wie Worte wirken: Konflikte fair lösen: Stressfreier erziehen. Hannover: Humboldt, 32.

2 Хojк-Маус, Дорис. 2016. So rede ich richtig mit meinem Kind: Wie Worte wirken: Konflikte fair lösen: Stressfreier erziehen. Hannover: Humboldt, 44.

3 Гордон, Томас. 2012. Familienkonferenz. Die Lösung von Konflikten zwischen Eltern und Kind. 3. Aufl. München: Heyne, 143 ff

Гордон, Томас. 2012. Familienkonferenz. Die Lösung von Konflikten zwischen Eltern und Kind. 3. Aufl. München: Heyne.

Хojк-Маус, Дорис. 2016. Das Trotzkopfalter. Erziehungs-ABC mit Tipps und Strategien. Richtiger Umgang mit kindlichen Emotionen. 8. Aufl. Hannover: Humboldt, 37 ff.