„Гледам дека си многу лута сега.“
Living Democracy » Parents » МАЛИ ДЕЦА » Напад на бес » „Гледам дека си многу лута сега.“Овој татко се обидува да ги замисли чувствата и постапките на неговата ќерка. Тој не го сфаќа нападот на бес лично и го разбира како израз на силно чувство од неговата ќерка или како невербален знак за нејзиниот замор (1-часовната шопинг тура е доста исцрпувачка за 2-годишно девојче!) . Применувајќи ги принципите на отворена комуникација, таткото започнува да разговара со својата ќерка за нејзините чувства. Ова ќе доведе до успешна интеракција со неговата ќерка (Видете ги нашите информации за Отворена комуникација).
Ќерката можеби изгледа премногу млада за ваков вид комуникација, но овој експеримент ќе вреди да се проба. Може да го изразите разбирањето за нејзината желба да ги добие овие колачиња. Тогаш можете да објасните зошто не е можно денес да се задоволи оваа желба:
„Ахам, во право си: овие колачиња се вкусни. Ги сакам и јас. Но, купивме 3 пакувања од нив последен пат кога отидовме на шопинг. Се сеќаваш? Значи, не треба да купуваме повеќе колачиња денес. Инаку оние што ги имаме дома ќе станат бајати. Те молам, помогни ми да ги ставам колачињата назад на полицата и потоа одиме на каса. Можеби ќе каснеме малку од твоите колачиња кога ќе се вратиме дома.“