Моето училиште исполнето со енергија
Living Democracy » Principals » АКТИВНО УЧИЛИШТЕ » АКЦИЈА » Моето училиште исполнето со енергијаВнесете енергија во училиштето со интегрирани физички активности и здравствени програми.
Изберете и спроведувајте друга активност секој месец.
Идеи |
Учениците од погорните класови гo мерат училишниот двор и обележуваат патека за пешачење/трчање за учениците и родителите која ќе ја користат пред училиште и за употреба на наставниците за време на училишниот ден. |
Просториите за складирање по физичко воспитување се реорганизираат за да го направат покорисен просторот за корисниците. Сите кутии се јасно означени. Активниот училишен комитет АУК (ASC) е одговорен да го одржува просторот уреден и да обезбеди целата опрема да се врати на одреденото место. |
Опремата за физичко воспитување и ресурсите се чуваат на многу различни места низ училиштето. Училиштето купува/добива донирана барака за правилно складирање на опремата со многу полици и куки. Сè е јасно означено и има свое место. |
AУК врши ревизија на опремата за ФВ на отстранети или искршени артикли, како и набавена, нова опрема врз основа на предлозите на сите. Сите членови на персоналот добиваат копија од инвентарот и знаат каде се наоѓа секое парче опрема и ресурси. |
Пакетите со ресурси за народен танц за наставниците во основно се набавени и фотокопирани. Музиката за придружба на танците се поставува на споделениот сервер. |
Училиштето купува/добива преносен ПА систем и уред за микрофони за да се овозможат разни активности на отворено, како што се часови за танцување на отворено и загревање со целото училиште. |
Училиштето обезбедува опрема (борилишта, тунел-гасеници, водоводни цевки и сл.) за настава за единицата за кооперативни игри на отворено и авантура. Опремата потребна за секоја активност се чува во поединечна, јасно етикетирана кутија. |
Училиштето добива донирани играчки за дворот. Овие ги избираат учениците кои учествуваат во Активниот училишен комитет со придонес од сите деца. Играчките се избираат со цел да се обезбеди нешто што ќе им се допадне на сите деца – топки, обрачи, ленти итн. |
Опремата што е наменета за игралиштето се купува и складира во област погодна за училишниот двор. На постарите ученици им е доверена одговорноста за нејзино одржување, дистрибуција и собирање. Се правимапа за опремата и прикачува на кутијата за складирање, така што учениците знаат каде да ја постават опремата пред да започне паузата. |
Секој клас има своја торба со опрема и е одговорен за дистрибуција, собирање и одржување на својата опрема. Се поставува определено место за складирање на торбите со опрема на класот веднаш до игралиштето. |
Училиштето позајмува шаблони за ознаки од домаќинот. Со помош на Здружението на родители и домаќинот, во дворот се бојадисуваат нови ознаки на игралиштето. |
Ја укинуваме политиката „без трчање“, дозволувајќи им на децата пробен период да трчаат по слободно во дворот, знаејќи дека негативните ефекти врз срцето, ‘рбетот и доживотното здравје заради недостаток на физичко вежбање се многу поголеми од крварење од носот или коленото. |
Училиштето создава кружна патека за движење околу периметарот на игралиштето. Учениците се охрабруваат да пешачат/џогираат/трчаат кругови за време на нивниот (голем) одмор и да ги запишат своите резултати во нивните тетратки за домашни задачи. Поставени се различни цели за различни возрасни групи во однос на опфатените растојанија и временските цели. |
Достапни се јажиња за скокање за децата да си играат со нив за време на паузите. |
Нашиот домаќин на училиштето прави количка со звучник што може да се вози во дворот, за да може да се пушта музика на паузите и децата да танцуваат. |
Танц во среда (ТВС денови) – ПА системите се користат во училишните дворови за да се пушта музика, поттикнувајќи ги децата да танцуваат за време на големиот одмор секој вторник. Тие се поттикнуваат да ја користат кутијата за предлози за да ја побараат својата омилена музика за танцување. |
Десет минутен четврток – Сите класови се вклучуваат во десет минутното континуирано заедничко вежбање во дворот секој четврток. Вежби вклучуваат прескокнување, вртење хулахоп, танцување. Новите идеи се испробуваат колку што е можно почесто. |
Петок без фудбал – Училиштето воведува петок без фудбал. Секој петок, на фудбалските играчи не им е дозволено да бидат на игралиштата, со што на секој ученик му се дава можност да испроба нови активности. |
„Зборуваме додека одиме“ – Членовите на персоналот ги охрабруваат учениците да ги ангажираат помалку активните деца да се движат повеќе за време на нивните паузи. |
Пријателски одред – Се воведува пријателски одред, составен од мешавина од момчиња и девојчиња. Нивна одговорност е да ја организираат опремата и да ги водат помладите ученици во активностите. Покрај тоа, тие ги охрабруваат сите деца да бидат активно вклучени и ангажирани во некоја активност со своите врсници. Тие носат видливи елеци со ознака Пријателски одред отпечатена јасно на задниот дел. |
Другарчињата од дворот промовираат физичка активност и ги придружуваат помалите деца на патеката, а на тој начин им обезбедуваат можност да шетаат низ околината. |
На дождливи денови, сите наставници создаваат активност во својата училница за да ги придвижат своите деца. |
Постарите ученици создаваат едноставни рутини за танцување кои им се предаваат на сите во салата за време на одморите во дождливите денови. Наставниците вршат надзор, но учениците сами ги водат танците. |
Голем избор на активна танцувачка музика и рутини се достапни на училишниот сервер и сите лица, вклучувајќи и вработените, се потсетуваат преку скајп (Skype), даго искористат во дождливите денови. |
Сите деца водат дневник на активности соодветни на возраста каде ги запишуваат своите дневни активности. Децата имаат за цел да завршат 60 минутна дневна физичка активност, при што им се доделуваат налепници на децата кои ја достигнуваат таа цел. |
Дневникот на активности децата го пополнуваат за време на двонеделен блок по случаен избор, во текот на целата година. Тие ги бележат сите активности во кои учествувале секојдневно и се обидуваат да направат нешто активно секој ден. На оние деца кои вложуваат напори да бидат активни секој ден, како и на оние кои покажуваат придобивки од физичката активност им се доделуваат награди. |
Ранобудни во движење – Ова е дневна прошетка која трае 10 до 15 минути околу училишниот тере пред почетокот на училиштето. Членовите на комисијата на АУК ја водат оваа прошетка секое утро. |
Секое утро, пред почетокот на часот, децата извршуваат физичка задача, како што е скокање околу училиштето на една нога/да трчаат по два круга на теренот/да направат 50 скокови и др. Поединечно наставниците одлучуваат за најсоодветната задача за нивната возрасна група. |
Учениците од второ одделение па нагоре учествуваат во Истрчајте еден километар во среда и петок наутро во 8 часот. |
На паузите меѓу часови, децата се вклучуваат во 2-минутни вежби за подобрување на нивната концентрација, рамнотежа, држење на телото, флексибилност итн. |
Училиштето организира уметнички натпревар на кој целото училиште дизајнира постер и слоган за Активно училиште. Сите предлози се прикажани во одделните училници. |
Како дел од нивните дневни домашни задачи, учениците треба да се вклучат во десет-минутна физичка активност. |
Секој клас презема барем една едукативна прошетка по термин. Овие прошетки се планираат на почетокот на годината и се запишуваат во училишниот календар. Нашето училиште ќе има воспоставено различни патеки за одење за многу области од наставната програма, вклучувајќи пат за историја, пат за природа, активна математичка патека, прошетка покрај река и др. |
Училиштето организира уметнички натпревар на кој целото училиште дизајнира налепница за Активно училиште. Сите предлози ќе бидат прикажани во одделните училници. Победничкиот дизајн ќе се искористи за налепници за автомобили кои ќе им се поделат на родителите. |
Активна училишна песна – Учениците, со своите наставници, ја составуваат нашата Активна училишна песна. |
Наградите/признанијата на час ќе станат повеќе ориентирани кон активности, на пример, патување до локалното игралиште, дополнително време на игралиште, шутирање пенали против нивниот наставник/домаќин/директор. |
Стоп и оп – во текот на месец април, целото училиште учествува во иницијативата „Стоп и оп“. Секој пат кога училишното ѕвонче ќе заѕвони, сите ученици запираат со што и да прават и скокаат во место додека не заѕвони второто ѕвонче. |
Секој ден, по првото ѕвонче на секоја пауза, децата се мотивираат да знаправат една серија од физичка активност (понеделник = поскоци, вторник = трчање во место, среда = лично измислена активност, четврток = лакт до колено, петок = одлучува наставникот) за една минута додека не заѕвони второто ѕвонче. |
Добри вибрации во петок – Како дел од иницијативата за позитивно ментално здравје, децата (и персоналот) слушаат и танцуваат на забавна, жива песна за време на Добри вибрации во петок. |
Големото пролетно расчистување – Целото училиште учествува во чистење на улиците низ градот. Собраното ѓубре потоа се мери и споредува секоја година. |
Се формира градинарски клуб кој ќе им понуди шанса на децата кои се помалку заинтересирани за тимско-ориентирани спортови да бидат активни и да учествуваат во мулти-сензорни активности како што се садење, плевење, наводнување, хранење и берба. |
Локалната полиција го посетува училиштето и зборува за безбедноста на патиштата во сите паралелки. |
AУК промовира Прошетка во среда во текот на целата учебна година. Децата се охрабруваат да учествуваат во прошетката со носење видливи елеци за безбедност. |
Се прави Пасош за прошетка до училиште за секое дете од предучилишна возраст до средно училиште. Членовите на AУК ги следат пасошите и ставаат печат секојпат кога детето пешачи до училиште. |
Ден на модерни нозе – децата се охрабруваат да ги украсат обувките во обид да промовираат пешачење до училиште и да развијат ентузијазам за вежбање. |
Ќе се испрати прашалник дома до родителите на почетокот на годината, барајќи повратни информации за искуствата на нивните деца во врска со ФВ, физичка активност и спорт во училиште. Повратните информации помагаат во идентификување на области за подобрување во иднина. |
Еден член на локалниот тениски клуб (или кој било друг клуб) организира работилница во нашето училиште каде сите паралелки добиваат можност да учествуваат и да видат што нуди локалниот тениски клуб. |
Училиштето им дава можност на децата и родителите да го гледаат спортот како позитивно, безбедно и почитувано искуство. |
AУК спроведува истражување „Во кои клубови учествувате“? |