Листа за проверка за да се направи активноста привлечна
Living Democracy » Principals » АКТИВНО УЧИЛИШТЕ » ПОДГОТОВКА » Листа за проверка за да се направи активноста привлечна„Млади и физички активни
Проект за физичката активност да биде привлечна за младите (СЗО, 2012)
Физичката активност игра клучна улога во здравјето и благосостојбата на децата и младите луѓе. Придонесува за нивниот краткорочен и долгорочен физички, социјален, емоционален и психолошки развој; промовира независност и здрав развој и помага да се развијат основни вештини за движење. Една неодамнешна студија за здравјето на младите укажува на зголемување на доказите за корелација помеѓу физичката активност и подобрените академски и когнитивни достигнувањa.
И покрај добро познатите придобивки од активниот животен стил, епидемиолошките студии идентификуваа зголемена застапеност на неактивност кај децата и адолесцентите. Најновиот извештај на СЗО во врска со Истражувањето за здравственото однесување кај деца на училишна возраст, со 11-, 13- и 15-годишни ученици од 35 земји од Европскиот регион на СЗО, како и во Северна Америка, покажа дека повеќе од две третини од младите не ја исполнуваат тековната препорака за физичка активност од 60 минути на ден, 5 или повеќе дена неделно. Нивото на физичка активност значително паѓа помеѓу возраста од 11 и 15 години.
Еколошките, економските и социјалните фактори, како и перцепциите за безбедноста, пристапноста и временските услови, се смета дека влијаат врз можностите децата и адолесцентите да бидат физички активни. Исто така, влијанието на врсниците може да ја охрабри или обесхрабри физичката активност. Низ цела Европа има многу пристапи и интервенции насочени кон зголемување на физичката активност на младите луѓе преку поддржувачки опкружувања.
Чест предизвик кој е идентификуван од промоторите на физичката активност низ цела Европа, е како да се вклучат младите луѓе во понудената активност или интервенција. Проблемот е опишан како недостаток на разбирање на младите луѓе и она што тие сакаат и потребата од упатство за тоа како да се направи физичката активност попривлечна за младите. Како резултат, беше нарачан проект за да создаде план за привлечна и пријатна физичка активност. За да се направи советувањето порелевантно, беше одлучено дека перспективите и придонесот на младите луѓе, како што се искажани од младинските делегати од мрежата ЦЕХАПЕ (CEHAPE), треба да го насочат проектот.
А Физичка средина
Објекти, опрема и околина поврзани со вклучување во физички активности
- Локација: леснотија на пристап
- Трошоци
- Активности на отворено
- Избегнување на загадување од воздух
- Одење и возење велосипе
- Опрема и објекти
- Спортски клубови
Б Социјална средина
Луѓето, културата и ставовите поврзани со учеството во физички активности.
Културата за активност: Аспектите како што се соработка, интеграција, позитивни ставови, тимски дух и комуникација, се сите наведени како придонес за уживање во физички активности и доведуваат до позитивно искуство.
- Здрава конкуренција
- Ментори
- Социјализирање
- Здравствена свест
- Избор
- Национални активности и познати личности
В Лично искуство и учество
Личните предуслови за учество во физички активности.
- Независност и самодоверба
- Релаксација
- Избегнување на премногу активност и можност за повреди
- Забава – ендорфин, адреналин, уживање