Дневник за храна

Living Democracy » Principals » ИСХРАНА » АКЦИЈА » Дневник за храна

Пополнете го овој формулар за најмалку еден типичен работен ден и 1 ден од викенд

Време Почеток-крај
Оброк или ужинаc Место Храна Количина Положба Поврзана активност
Социјална ситуација
Расположение Ниво на глад

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Учење за вашите навики во исхраната

За да дознаете повеќе за вашите навики во исхраната, треба да водите дневник најмалку 2 дена – (делничен ден и ден од викенд). За да ја одредите конзистентноста на вашите навики во исхраната, може да биде корисно за вас да ги оцените вашите навиките за цела недела. Еве ги потребните инструкции за да ги пополните овие формулари за храна.

Време на јадење

За секој оброк или ужина, запишете го времето кога ќе почнете да јадете или пиете и кога ќе завршите.

Оброк или ужина

Наведете дали тоа е оброк или ужина. Обидете се да запомнете дека сѐ што пиете меѓу оброците се смета за ужина. Ако тоа е оброк, наведете дали тоа е појадок, ручек или вечера.

Место на јадење

Забележете каде сте, кога го јадете оброкот или ужината или го пиете пијалакот. Ако сте дома, забележете ја просторијата на куќата во која сте, во спротивно, забележете дали сте во ресторан, автомобил, канцеларија, бар, итн.

Вид на храна и количина

Наведете што јадете и приближната количина. Ако јадете дома и имате мала вага, ќе ви биде од корист да ја измерите количината на храна што ја јадете, така што ќе станете посвесни за големината на порциите. Ако не ја знаете точната количина, ќе треба да ја процените, имајќи предвид дека повеќето луѓе обично ја потценуваат оваа количина.

Положба

Наведете ја вашата физичка положба додека јадете или пиете – лежите? Седите? Стоите? Одите? Итн.

Поврзана активност

Запишете што друго правите додека јадете или пиете. На пример, подготовка на вечера, гледање телевизија, читање, возење автомобил, разговор по телефон, работа или играње на компјутер, итн.

Социјална ситуација

Наведете дали сте сами, со некого, или со група луѓе секој пат кога јадете или пиете.

Расположение

Запишете како се чувствувате пред да почнете да јадете или да пиете. Дали сте задоволни? Среќни? Тажни? Депресивни? Лути? Досадно ви е? Уморни сте? Брзате? Осамени сте? Напнати сте? Итн.

Ниво на глад

Запишете колку сте гладни пред да почнете да јадете или да пиете. Оцени го нивото на глад на скала од 10 поени, почнувајќи од 1 поен, што би значело дека не сте биле гладни, до 10 поени, што би значело дека сте биле многу гладни.

Оценување на вашиот дневник за храна

Со внимателно оценување на вашиот 2-дневен дневник за храна, ќе станете свесни за тоа што јадете и пиете и колку јадете и пиете. Исто така, ќе можете да ги видите шемите за тоа кога и зошто јадете и пиете.

Анализа на обликот на храната

Со одговарање на следниве прашања, можеби ќе можете да идентификувате некои од овие шеми:

  • Колку дена сте прескокнале барем еден оброк?
  • Колку пати сте јаделе кога не сте биле навистина гладни?
  • Колку пати сте јаделе, бидејќи ви било здодевно?
  • Колку пати сте јаделе, бидејќи сте биле лути и / или депресивни?
  • Колку пати сте грицкале храна за која знаете дека не требало да ја јадете?
  • Колку дена сте пиеле повеќе од еден алкохолен пијалак?
  • Колку дена сте јаделе барем еден десерт?•Колку пати други луѓе ви предизвикале несакано однесување во исхраната?
  • Колку пати сте јаделе оброк и кога сте завршиле, посакавте да не сте јаделе или пиеле толку многу?

Усвоено од Физичка подготвеност: Патот до здраво живеење, Роберт Хокеј