Од локален извор, па во моето училиште!
Living Democracy » Principals » ИСХРАНА » ПОДГОТОВКА » Од локален извор, па во моето училиште!“Јадете локално! Јадете сезонско! Јадете органски! “Повеќе пораки нè напаѓаат секој ден за тоа што да јадеме и каде да го купиме. Еве неколку совети за тоа зошто навистина има смисла – училиштето да промовира сезонска и локална храна за кантините, киосцитте и да ги поддржува учениците за храната што ја носат од дома.
1. Пари
Кога е сезона за одредено овошје или зеленчук, достапната количина го прави обично поевтино. Тоа е основниот закон за понуда и побарувачка, и кога плодовите се во сезона, вашата кантина или родителите ќе бидат финансиски наградени со купување на она што расте сега
2. Вкус
Кога храната не е во сезона локално, таа или се одгледува во оранжерија или се пренесува од други делови на светот, а и двете влијаат врз вкусот. При транспортирање на плодовите, тие мора да се собираат рано и да се чуваат во ладилник, за да не се расипуваат за време на транспортот. Тие не можат да зреат толку ефикасно како што би зрееле во нивната природна средина, што ќе резултира со помалку од целосен вкус и губење на хранливи материи.
3. Разновидност
Многу луѓе се изненадени кога ќе откријат дека во есен се собираат широк спектар на плодови (тиква, јаболка, ендивија, лук, грозје, смокви, печурки) и зима (цитрус, кељ, ротквици, репа, праз) покрај производите што ние лесно ги поврзуваме со лето, како благ грашок, пченка, праски, краставици, домати, тиквички и зелен грав. Ова секако е многу различно од еден географски регион до друг. Важно е дека вие, како шеф на училиштето, сте добро информирани за тоа и да се уверите дека учениците (можеби како дел од часот по биологија), заедно со нивниот наставник, спроведат некое истражување и креираат месечен постер со овошјето и зеленчукот во месецот со некоја споредба на цените.
4. Ограничувања
Поради ограничените сезони за одгледување во повеќето региони, невозможно е да се јаде локално произведен производ кој е во сезона 100% од времето. Па зошто да не се воспостави убава училишна градина и да се охрабрат учениците и нивните родители да создадат повеќе градини? Иако можеби не е секогаш можно да се купат локално одгледувани сезонски производи, следната најдобра работа е да купите она што е во сезона на друго место – и со надеж дека не е многу далеку, со цел да се минимизира времето за испорака и другите штетни проблеми.