Пристапот на целото училиште наспроти практиката во училница
Living Democracy » Principals » ИСХРАНА » ПОДГОТОВКА » Пристапот на целото училиште наспроти практиката во училницаКога ќе прашаме: “Што е училиште”, одговорот зависи од гледната точка. Додека некои би зборувале за наставникот и што се случува во училницата, други се осврнуваат на училишната заедница, училиштето како важен елемент на општеството или едноставно што се случува за време на одмор. Пристапот на целокупно училиште смета дека сите аспекти на училишната заедница имаат влијание. Ова особено се однесува на исхраната која влијае на здравјето и благосостојбата на сите. Благосостојбата како севкупен пристап и здравата исхрана како еден од нејзините елементи мора да биде грижа на целото училиште, бидејќи е добро познато колку се тесно поврзани учењето и благосостојбата. Со оглед на тоа што младите луѓе поминуваат многу од првите 15 до 20 години во училишна средина, а наставниците и училишниот персонал можеби многу децении, училиштето не е само фокусна точка на академското учење, туку и фокус на социјалниот, емоционалниот и физичкиот развој, воедно и место каде се консумира многу храна и пијалаци. Училиштето е место каде сите членови од овој модел на општество се дружат, развиваат здрави односи, учат да се справат со тешкотии и да јадат заедно. Демократското раководство не го одразува само избраниот политички систем на државата, туку ги претставува и културно различните заедници. Каде на друго место постојат такви различни традиции и навики, како во храната? Дали е можно овие традиционални или различни регионални или национални навики за јадење денес да не претставуваат проблем днес, туку глобализираното, масовно производство на готови прехранбени производи, кои се лесни и евтини за купување и конзумирање? Заедно со училишната заедница, треба да биде можно да се развие училишна средина и култура на храна, која промовира здравје и добри навики во исхраната.
Знаејќи ги фактите за нездравата исхрана, треба да биде лесно: лидерот на училиштето едноставно не дозволува одредени видови храна донесени од дома, или во училишната кантина, или од малите киосци и продавници на училишниот кампус. Сепак, искуството покажува дека забраната создава концепти кои ја поткопуваат. Еден демократски ориентиран лидер знае дека учеството е основа за одржливи решенија: професионалните оправдувања за демократското лидерство во училиштата се втемелени во природата на самата демократија и социјалните контексти на нашите заедници. Достигнувањето на демократски консензус за прашања помеѓу учесниците во образованието често е тешко во разновидните заедници денес. Затоа, училишните лидери мора да се стремат да поттикнат атмосфера на чувствителност кон вредностите на другите. Тие мора да им дадат значење на активностите на учениците, наставниците, родителите и членовите на заедницата со кои тие комуницираат. Добивката од оваа автентична форма на лидерство се случува кога разбирањето на вредносните ориентации на другите им обезбедува на лидерите информации за тоа како најдобро можат да влијаат врз практиките на другите кон постигнување на широко оправдани цели како што се здравата храна и здравите навики во исхраната. За да ги информира сите, училишниот лидер треба да знае, кој знае што, кој има искуство во областа на одредена тема. Како лидер во училиштето, свесен сум за компетенциите на другите и им кажувам: ве молиме да ја поддржите нашата училишна заедница со вашето знаење и искуство (вештини)! Во однос на демократското разбирање, тоа исто така значи дека вие ја делите власта со другите. Но, за ова треба да бидете подготвени.