Учество – список за проверка: Како да се вклучат сите во проектот
Living Democracy » Principals » ИСХРАНА » ПОДГОТОВКА » Учество – список за проверка: Како да се вклучат сите во проектотЧекор 1: Прегледајте ја веќе завршената работа за учество во вашата организација.
Дали постојат поуки што треба да се научат од последните проекти?
- Можете ли да користите креативни методи за да помогнете во вреднување на завршената работа во минатото, како и ставовите на учесниците во врска со важно искуство?
- Ако вашето училиште е незапознаено со учество во вакви напори, тогаш започнете со нешто од помал размер.
- Разговарајте со луѓе во други организации кои имаат искуство со работа на овој начин.Чекор
Чекор 2: Најдете ги луѓето што ви требаат за работа
- Разговарајте со менаџерите, вработените, родителите и волонтерите за да добиете поддршка, а потоа разговарајте со учениците за што би сакале да работат во однос на проектите за учество.
- Размислете да направите “пробен” тип на активности за да им помогнете на сите да имаат замисла за тоа како е. Може да биде тешко да се соопшти “Би сакал да организирам пазар за зеленчук …”, ако никогаш воопшто не сте организирале ништо. Децата и младите понекогаш велат дека не можат да направат нешто или “јас не сум добар во …”, но често тие никогаш немале шанса да се обидат. Можеби ќе им треба охрабрување да го сторат тоа, и / или да најдат партнери за соработка.
- Размислете на кого проектот ќе влијае на позитивен или негативен начин.
Чекор 3. Започнете со планирање на активностите или пробни сесии.
- Организирајте состаноци за да ги вклучите сите во планирањето. Осигурајте се дека ќе бидат земени забелешки за одлуките и задачите.
- Јасно кажете на што ќе се фокусираат различните клучни играчи и какви ќе бидат резултатите од нивната работа. Исто така, бидете сигурни дека на сите им е јасно и за ова.
- Бидете практични.
- Размислете како можете да покажете напредок – можеби на ѕид со графити или фотографии, и да одвоите некое време на крајот за да ја разгледате и оцените работата со групата.
Чекор 4. Прегледајте ја активноста со сите.
- Што беше добро во врска со тоа?
- Што би направиле поинаку следниот пат?
- Дали се согласиле за некои важни пораки?
- За кого се наменети пораките?
- Како можат тие да бидат сигурни дека се слушнати?
- Што се случува следно?
Чекор 5. Размислете како понатаму да се надградувате на работата.
- Дали постои начин тоа да се сподели со другите со дозвола и вклучување на децата и младите?
- Ако децата и младите сметаат дека е успешен, дали би сакале да направат повеќе проекти и на што би сакале да се фокусираат?