Поддршка и охрабрување! Навики за јадење на учениците

Living Democracy » Principals » ИСХРАНА » СВЕСНОСТ » Поддршка и охрабрување! Навики за јадење на учениците

Кога последен пат навистина уживавте во оброкот? Свесно го почувствувавте неговиот вкус и се почувствувавте не само заситени, но истовремено и среќни? Кога почувствувавте потреба да ги затворите очите за да се концентрирате и да уживате во чувството навашето непце?

Дали некогаш сте престанале да се прашувате дали вашиот бурен начин на живот ве претворил во “личност што брза”? Некој, толку зафатен што само брза да јаде нешто набрзина, отсутно и, најчесто, да не стои или да пешачи? Или “утешител” кој посегнува по храна за утеха, олеснување на стресот или како награда, а не за задоволување на неговата / нејзината глад?

Дали вашето однесување во исхраната е внимателно или невнимателно? Дали го фокусирате вашето внимание и свесност тука и сега за уживање во оброк со сите ваши сетила? Или можеби вашето јадење е Емоционално? Ја користите храната за да се чувствувате подобро – да јадете за да ги задоволите емоционалните потреби, а не вашиот стомак?

Што прават вашите навики во исхраната на вашата физичка, ментална и социјална благосостојба? Што кажуваат тие за вашата култура, традиции и лична историја? На кој начин поведението и практиката на јадење во вашето училиште придонесуваат за здрава училишна средина? Дали вашите училишни наставни програми за исхрана вклучуваат теми за задоволствата поврзани со исхраната кои одат подалеку од нутритивните факти и бројки? Дали го истражуваат значењето на јадење надвор од примарната функција на храната која е обезбедување на сите хранливи материи и елементи потребни за телото да преживее, да расте, да функционира и да работи

Овој дел беше создаден за да постави слични прашања кои служат како појдовни точки за размислување и дискусии.

Исто така, може да ја прошири вашата перцепција и да ја однесе малку подалеку од основите на исхраната и содржината на учебниците до заборавената уметност за гастрономија како што ја дефинира Ланг (1983) “уметноста на избирање, подготвување, служење и уживање во храната”, што се слави со векови.


Можни дополнителни текстови / веб-страници кои можат да се најдат бесплатно на интернет: