Како да ја подготвите вашата училишна веб-страна
Living Democracy » Principals » КОМУНИКАЦИЈА » Делување » Како да ја подготвите вашата училишна веб-странаВеб-страната значи видливост!
За веб- страната е потребно време да се направи и да се одржува.
Веб-страната ја поттикнува транспарентноста.
Ако одлучите: направете го тоа!
- Направете тим:
Ученици, наставници, родители, членови на одбори, професионални пријатели: Тимот треба да исполни две задачи: да ги интегрира сите заинтересирани страни и да создаде добра веб-страница. - Направете тимот да функционира:
Кога сакате да бидете готови? Зошто? Како треба да изгледа веб-страницата (видете го материјалот Основните работи на училишна веб-страна). Препорачливо е да се координира моментот на започнување на веб-страницата со посебен момент во учебната година. - Нека тимот ги донесува техничките одлуки. Еве го главниот совет: Изберете го WordPress.1. WordPress е целосно бесплатен, со многу распореди/теми за избор. WordPress е бесплатен за преземање или инсталирање, а има огромна заедница која веќе дизајнирала шаблони, со што се овозможува брзо да се започне.
2. WordPress е добар за почетници. Ако знаете како да користите Microsoft Word, веќе знаете како да додадете сопствена содржина. WordPress може да се прошири со бесплатни приклучоци (plugins) за да се справи со било кој сајт што можете да го замислите. Со “приклучоците” ќе можете да додавате формулари за контакт, формулари за претплата, сликовни галерии и тн. за вашата веб-страна.
3. Вашата страна ќе биде „компатибилна“ што значи дека ќе работи и на мобилни телефони и таблети. Веб-страната што ја правите ќе биде компатибилна веднаш и ќе изгледа одлично на секој мобилен уред, паметен телефон и таблет. За тоа нема потреба да ангажирате веб-дизајнер.
4. Има добра поддршка и заедница на развивачи (developers) на располагање за помош. Со толку многу луѓе кои ја користат платформата, лесно може да се најде брза помош кога ви е потребно. Покрај тоа, WordPress има многу бесплатни ресурси и достапни на YouTube и нивниот форум за поддршка.