Основните работи на училишна веб-страна – Транспарентност и демократија

Living Democracy » Principals » КОМУНИКАЦИЈА » Подготовка » Основните работи на училишна веб-страна – Транспарентност и демократија

Е-демократијата, исто така позната како дигитална демократија или интернет-демократија, ги вклучува информациската и комуникациската технологија од 21 век за промовирање на демократијата.

Иако дизајнот на веб-страницата на вашето училиште може да биде изработено од стручно лице, како директор сѐ уште го имате последниот збор, како и одговорноста, во врска со содржината, ажурирањето, безбедноста и ефикасноста на неговата употребливост. ВИЕ ја поставувате целта на веб-страницата на вашето училиште како најважна институционална онлајн алатка.

Тоа е вашата централна точка на онлајн информации и идеален простор за промовирање на вестите и достигнувањата на вашето училиште. Тоа е вашата алатка за промовирање внатрешна и надворешна транспарентност. Тоа е елемент на ВАШЕТО разбирање на демократијата.

Ако имате контролна листа ќе се осигурате дека не превидувате некои важни елементи на онлајн-комуникацијата на вашето училиште:

Детали за контакт со училиштето

Веб-страницата на вашето училиште мора да содржи:

  • Име на вашето училиште
  • Поштенска адреса на училиштето
  • телефон и број на факс во училиштето,
  • е-пошта на вашето училиште
  • име на лице(лица) одговорно(и) за справување со прашањата од родителите и јавноста

Работи поврзани со пријави за упис

Вие би можеле да обезбедите информации за тоа:

  • кога и како ќе ги разгледувате пријавите од секоја возрасна група
  • што треба да направат родителите ако сакаат да го пријават своето дете да оди во вашето училиште

Ако локалната власт е одговорна за вашите пријави за упис, напишете дека родителите треба директно да се јават во локалната власт за да дознаат повеќе информации за работи поврзани со пријави за упис.

Информации за посебни образовни потреби и попреченост

Треба да вклучите информации за какви било посебни услови за упис, објекти за пристап и специјализиран кадар

Изјава за вредности и принципи

Вашата веб-страница треба да содржи изјава за мисијата на вашето училиште заедно со работната етика и принципите

Вести

Содржината може да вклучува:

  • Соопштенија
  • Соопштенија за јавноста: брифинзи и изјави
  • Мултимедија: Слики, видео, аудио клипови
  • Мислења

Простор на учениците

Содржината може да вклучува:

  • Ученички онлајн весник
  • простор за презентирање на групни проекти на учениците
  • Онлајн образовни ресурси и линкови за наставните програми на учениците
  • Соработка со други училишта, натпревари, посети

Корисни совети:

  • Проверете ја компатибилноста на вашиот веб-сајт со мобилните уреди.
  • Лекторирајте ги вашите текстови. Често проверувајте за грешки во правописот.
  • Обезбедете родителска согласност за сите визуелни материјали.
  • Редовно ажурирајте ги информациите.