Размислувaње во врска со билтен
Living Democracy » Principals » КОМУНИКАЦИЈА » Подготовка » Размислувaње во врска со билтенЗа (Позитивно):
Вашите информации се прилагодени. Вие контролирате како ќе изгледа вашиот билтен, но исто така можете да ја прилагодите содржината, изгледот и објавувањето, така што ќе поврзува само одредени видови на информации со одредени групи. Вашите вработени, вашиот одбор, родителите, сите заедно.
Против (Негативно):
Премногу е-пошта. Луѓето се преплавени со е-мејлови од сите и насекаде. Лесно е да се превиди неколку е-мејла кои немаат висок приоритет, особено ако примателот има добиено многу. За жал, вашиот е-билтен може да биде еден од оние пораки што се занемаруваат.
Ако одлучите да продолжите, откријте како родителите и локалната заедница сакаат да добиваат новости за училиштето и за настаните. Понудете повеќе опции.
Билтените за училишната заедница треба да бидат средства за информирање, промовирање, собирање на решенија и идеи, и едукација. Одлучете за тоа каков да е балансот на овие четири задачи во секој билтен.
За да се уверите дека вашата публика ќе ги прочита вашите вести, најдобро е да бидете кратки, да се држите до поентата и да ја прилагодите пораката. Земете ја предвид количината на информации што денес луѓето ја примаат.
- Луѓето станаа многу внимателни приматели на информации.
- Уверете се дека билтенот е средство за пренесување на важни пораки за визијата, вредностите, стратегиите и плановите на вашето училиште.
- Усогласете ги пораките со вашите клучни лидерски активности: водење на промени, водење на учењето и решавање на проблеми.
- Воспоставете и придржувајте се кон редовен распоред за објавување.
- Користете шаблон за лесно подготвување на секое издание.
- Приклучете други луѓе како новинари, како на пример ученици – волонтери и вработени.
- Квалитетот е важен, но треба да се држите до буџетот. Воспоставете највисоки стандарди за точност на деталите и граматиката. Имајте на ум дека во вашата комуникација, дејствувате како пример. Имајте непристрасен лектор.
- Осигурајте се дека училиштето има дозвола од родителите да користи фотографии од вклучени ученици.
- Посветете посебно време за да го составите вашиот дел од билтенот, по можност неколку дена пред датумот на објавување.
- Осигурајте се дека дигиталните билтени се лесни за читање на интернет или за преземање и отворање.
- Запомнете дека ја носите севкупната одговорност за вашите билтени. Мора да го имате последниот збор за тоа што е вклучено и како е напишано.