Комуницирање во демократска средина
Living Democracy » Principals » КОМУНИКАЦИЈА » Свесност » Комуницирање во демократска срединаНајважниот елемент на комуникацијата во демократски контекст е транспарентноста, особено во формална комуникација. Модерната демократија бара одговорност и транспарентност. Затоа, комуникациските процеси кои трајно исклучуваат одредени членови или групи на училишната заедница се едноставно недемократски.
Без разлика дали се подготвувате за состанок на училишниот одбор, пишувате соопштение за печат за училишен настан, барате да зборувате со родителите за некој проблем или се обидувате да добиете појаснувања за некој нов усвоен закон, секогаш постојат повеќе начини на комуникација со различна публика која е поврзана со вашето училиште. Како директор, вие одредувате колку е адекватна транспарентноста во вашата институционална комуникација и дали поттикнува партиципативен пристап во вашето училиште или ја зајакнува моќта на неколкумина.
Во овој дел ќе бидете информирани за некои основни начини како да им пристапите на вештините за комуникација со училишна заедница, секогаш имајќи предвид дека вашето училиште е микро општество.
Важноста на комуникацијата со училишната заедница и заинтересираните страни
Комуникацијата, во овој контекст, се однесува на потребата за испраќање на пораки и информации до специфична публика. Затоа, како директор на училиште треба внимателно да ја разгледате и цврстата “конструкција” на вашите пораки, како и специфичната целна публика и каналите на комуникација што ќе ги користите. Важно е да се сфати дека постојат различни видови на пораки, кои се обраќаат на различни типови на публика преку различни видови на комуникациски канали.
Ако имате усен разговор со вашите вработени за некое секојдневно прашање, на пример, ќе ја преуредите училницата за да испратите невербален сигнал дека ќе се одржи некој посебен настан, а додека пак за објавување на важно достигнување на студентите во јавноста ќе напишете напис за во печат.
Оттамѕ, вербалната, невербалната и писмената комуникација се користи за да се пренесуваат пораки. Сепак, потребата да се формулира јасна и кохерентна порака која целата публика може да ја разбере и декодира секогаш треба да биде вашиот главен приоритет.
Развој на комуникациски вештини е критично важен во образованието. Директорите, едукаторите и администраторите постојано комуницираат со учениците, родителите, соработниците, институциите, синдикатите, здруженијата,лидери и други засегнати страни. Иако е од витално значење да се концентрираме на секојдневните административни проблеми или развојот на наставна програма, оценување, или безбедноста на учениците, училиштата, исто така, би можеле да имаат корист од концентрирање на тоа колку добро комуницираат директорите и едукаторите.
Комуникацијата е сложен процес без единечни, ниту пак едноставни одговори. Затоа, како што се стремите да се воспостават поефективни комуникациски процеси во рамките на училишната средина, можете да бидете сигурни дека вашите акции и искази не ги слушаат само неколкумина, туку се целосно разбрани од луѓето или институциите со кои ефикасно комуницирате.