Како директор вие знаете подобро од другите дека контроверзноста е неизбежен елемент од животот во училиштата денес. Употребата на социјалните медиуми и непосредните форми на комуникација ги доведува учениците од училиштата во секојдневен контакт со проблемите како миграција, климатски промени, тероризам и ЛГБТ права. Справувањето со прашања како овие може да биде предизвик, но како може младите да ги сфатат нив ако не им се дозволи да разговараат за нив во училиште? Како ќе учат да размислуваат критички или да дебатираат демократски ако немаат учител кој ќе ги води? Дискутирањето за контроверзни прашања има многу придобивки, ама не е задача која треба да се сфати несериозно. Меѓу другото, потребен ви е добро обучен персонал, релевантна наставна програма и морална поддршка во училиштето.
Материјалот во овој дел главно се заснова на два прирачника од Советот на Европа:
Пакетот за обука Контроверзни прашања во настава може да се преземе на: https://pjp-eu.coe.int/en/web/charter-edc-hre-pilot-projects/teaching-controversial-issues-developing-effective-training-for-teachers-and-school-leaders
Училишната алатка за само-евалуација Справување со контроверзност може да се преземе на: https://pjp-eu.coe.int/en/web/charter-edc-hre-pilot-projects/project-1-managing-controversy-a-whole-school-training-tool