Справување со контроверзни прашања во училницата – Какви вештини им се потребни на наставниците?
Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » безбедно справување со контроверзните прашања » Справување со контроверзни прашања во училницата – Какви вештини им се потребни на наставниците?За да можат безбедно да се справат со контроверзните прашања во училницата, на наставниците им требаат различни вештини. Тие вклучуваат:
- како да изберат теми за дискусија
- како да се справат со нивните лични верувања и пристрасности
- како да се одговори на расистички, сексистички и други навредливи забелешки
- како да се олесни дискусијата без да се зазема страна
- како да се поттикнат учениците да видат други гледишта
- како да ги научат учениците да разговараат за проблемите со почит
- како да спречат емоциите да не ја зовријат атмосферата во училницата
- како да се справат кога немаат големо познавање во врска со некој проблем.
Побарајте од наставниот кадар да ги проценат нивните најслаби вештини во однос на нивната способност да се справат со контроверзни теми.Користете ги овие информации како основа за да изберете соодветни форми на професионален развој кога ќе се појави можност.