Справување со контроверзни прашања во училницата – улоги на наставникот

Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » безбедно справување со контроверзните прашања » Справување со контроверзни прашања во училницата – улоги на наставникот

Како и сите други, наставниците имаат право на свои ставови. Но, тоа не треба да значи дека треба да ги споделат со своите ученици или дека треба да ги поддржуваат ставовите во согласност со своите. Па тогаш, чија страна треба наставникот да заземе при дискусија во училница?

Ова не е прашање на заземање една или друга страна. Целта е да им помогнеме на учениците да учат. За да им помогнеме да го сторат тоа, има различни улоги што наставникот може да ги игра на час. Еве шест различни улоги и ситуации во кои може да ги користите

„НЕПРИСТРАСЕН ПРЕТСЕДАВАЧ“

Направете сите ученици да можат да изразат свој став, но не давајте коментари
Заземете ја оваа улога кога учениците се добро информирани и дискусијата е рамномерно избалансирана

„АДВОКАТ НА ЃАВОЛОТ“

Заземете спротивен став на оној што го изразуваат учениците
Заземете ја оваа улога кога повеќето од учениците изразуваат исто мислење

„СОЈУЗНИК“

Заземете страна на една личност или одредена група на ученици
Користете ја оваа стратегија за поддршка на послаби ученици или маргинализирана група

„ЈАВНА ВЛАСТ“

Информирајте ги учениците за официјалниот став
Усвојте го овој став при справување со прашање за човековите права, формалната училишна политика или уредба на власта

„ОБЈАСНУВАЧ“

Наведете низа различни опции и аргументи
Корисно е кога учениците не се свесни за различни ставови или за придружни аргументи

„ГРАЃАНИН“

Заземете ја оваа улога за да ги искажете вашите сопствени ставови
Користете ја оваа стратегија кога вашата непристрасност е ставена под знак прашалник од страна на учениците