Контроверзни прашања во наставната програма – Создавање можности за разговор

Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » Контроверзни прашања во наставната програма » Контроверзни прашања во наставната програма – Создавање можности за разговор

Иако некои училишни предмети се повеќе поврзани со контроверзии од другите, постојат можности за зборување за контроверзни прашања во секој предмет во наставната програма ако знаете каде да барате. Разговарањето за овиепрашањата на час ќе придонесе не само за демократското образование на учениците, туку и за подлабоко разбирањена самиот предмет.

Предметните наставници можеби нема секогаш да препознаат дека овие можности постојат. Затоа, искористете ги овие две активности за да му помогнат на вашиот персонал да идентификува некои од можностите.

1. „ПОВРЗУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ“

Формирајте мешани групи на наставници од различни предмети. Замолете ги групите да нафрлат примери за прашања што во моментот се контроверзни во вашето училиште, заедница или општество. Идентификувајте ги веќе опфатените во задолжителната наставна програма и ставете ги од една страна. Замолете ги групите да се фокусираат на останатите прашања и вреднувајте ги според соодветната релевантност за животот и образованието на вашите ученици. Групите потоа ги избираат најрелевантните проблеми и се обидуваат да воспостават врска помеѓу овие и моменталните предмети во вашата наставна програма. Соберете ги резултатите од различните групи и прашајте ги раководителите на предмети или одговорни наставници за предметите да се разгледа како тие можат да ги вклучат овие теми во наставата на нивните предмети.

2. „МЕЃУ-ПРЕДМЕТНИ БРЗИ СОСТАНОЦИ“

Уредете една просторија со ред од три столици свртени една кон друга од двете страни на секоја маса. Поделете го вашиот персонал во групи од шест, без ниедна група која содржи двајца наставници кои предаваат на ист предмет. Наредете ја секоја група на трипарови околу една маса, при што членовите на секој пар се свртени еден кон друг. Побарајте од секој пар да идентификува контроверзно прашање што се појавува и во двата предмета. Ротирајте едно место во рамките на групата на секои неколку минути и повторете го процесот. Паровите треба да ги запишат нивните предлози за подоцна да разговараат во големо групно разгледување.