Контроверзни прашања во наставната програма – Спроведување на дискусија

Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » Контроверзни прашања во наставната програма » Контроверзни прашања во наставната програма – Спроведување на дискусија

Како се претставуваат контроверзните прашања за дискутирање во училницата? Барањето од учениците едноставно да заземат страна и расправањето за или против некој предлог ретко е доволно. Тоа не ја доловува тешкотијата на проблемите или недостатокот на информации што некои луѓе го имаат за нив.

„СЕ СОГЛАСУВАМ, НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ, НЕ ЗНАМ“

Означете три sида од училницата со „СЕ СОГЛАСУВАМ“, „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“ и „НЕ ЗНАМ“
Прочитајте исказ за некое контроверзно прашање, на пример, „Не е во ред да се јаде месо“. Побарајте од учениците сами да размислуваат за исказот и одете до ѕидот што најдобро го претставува нивното мислење, т.е., дали се согласуваат или не се согласуваат со тоа, или не знаат што да се мислат. Одново поставете ги столчињата и масите така што учениците ќе седат во редови покрај ѕидовите што ги избрале, свртени кон внатрешноста. Групите „СЕ СОГЛАСУВАМ“ и „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“ треба да гледаат едни кон други а „НЕ ЗНАМ“ да е помеѓу. Дајте им можност на учениците да ги искажат и дискутираат за своите мислења, еден по друг, со една личност која зборува кога е редот – како што следува:

  • Група „СЕ СОГЛАСУВАМ“ ги искажува аргументите кон група „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“
  • Група „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“ ги искажува контра-аргументите кон група „СЕ СОГЛАСУВАМ“
  • Групите „СЕ СОГЛАСУВАМ“ и „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“ реагираат на меѓусебните коментари
  • Група„НЕ ЗНАМ“ го искажуваат своето мислење за прашањето – колку и да се збунети – и имаат можност да ги прашаат групите „СЕ СОГЛАСУВАМ“ и „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“
  • Групите „СЕ СОГЛАСУВАМ“ и „НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ“ и „НЕ ЗНАМ“ реагираат на меѓусебните аргументи и прашања.

Овој вид активност бара најмалку еден час и половина, можеби и повеќе. Како испитување, можеби ќе сакате да побарате од учениците да размислуваат за состојбата на нивните мислења по вежбата, да ги идентификуваат најзначајните точки во дебатата, или разгледајте како можат да го истражат проблемот подлабоко.