Контроверзни прашања и училишна култура – Оценете го вашето училиште

Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » Контроверзни прашања и училишна култура » Контроверзни прашања и училишна култура – Оценете го вашето училиште

Во која мера преовладувачката култура и етос во вашето училиште ги поттикнува луѓето да зборуваат за тешки теми? Еден начин да дознаете колку е отворено вашето училиште за ваков вид дискусии е да спроведете едноставно истражување за ставот. За да добиете заокружена слика, важно е да се вклучат родителите, како и учениците и наставниците.

Еве неколку основни прашања што може да ги поставите на секој засегнат во училиштето:

ИСПИТУВАЊЕ НА СТАВОВИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО

Во ова училиште:

1. Како ве третираат другите?
2. Колку се чувствувате безбедно?
3. Кога има проблем, дали знаете на кого да се обратите?
4. Колку чувствувате дека ве слушаат вас?
5. Какви видови на можности имате за да ги искажете своите мислења?
6. Колку често имате шанса да разговарате за своите мислења со другите од училиштето?
7. Колку имате право на збор за училишните правила и донесувањето одлуки?
8. Колку мислите дека се мешаат учениците од различни позадини/потекла?
9. Колку е прифатувачка училишната култура кон лицата со хендикеп, од различен род или сексуална ориентација или од различни етнички или религиозни групи?