Контроверзни прашања и училишна култура – Поттикнување на гласот на учениците на час
Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » Контроверзни прашања и училишна култура » Контроверзни прашања и училишна култура – Поттикнување на гласот на учениците на часТешко е за учениците да се вклучат во дискусиите за контроверзните прашања ако веќе не се навикнати јавно да зборуваат на училиште. Давањето на честа можност на учениците да зборуваат на час ги навикнува да се изразат себе пред другите. Тоа им помага да стекнат самодоверба за јавен говор и да станат поадаптирани на процесот.
Важно е учениците да чувствуваат дека се слушнати кога зборуваат и дека се почитуваат нивните мислења.
Еден начин да им помогнете на вашите вработени да направат повеќе можности за изразување на учениците во нивната училница е да се направи листа за проверка за планирање на часот. Откако ќе ја користат листата некое време, наставниците ќе увидат дека ја следат автоматски. Можете, исто така, да користите ваква листа за проверка за следење и евалуација на час.
Еве еден пример:
ЛИСТА ЗА ПРОВЕРКА ЗА ГЛАСОТ НА УЧЕНИЦИТЕ
На овој час, дали има вметнати можности за учениците да:
Постават прашање? |
Изразат мислење? |
Имаат интеракција со другите? |
Дадат практичен предлог? |
Гласаат? |