Контроверзни прашања – Што и каде?
Living Democracy » Principals » КОНТРОВЕРЗНИ ПРАШАЊА » Контроверзни прашања на училиште » Контроверзни прашања – Што и каде?Контроверзноста е повеќе од секојдневно несогласување или различно мислење. Тоа е она што буди силни емоции и предизвикува лошо чувство и поделби меѓу луѓето.
Контроверзиите се природен дел од животот во демократијата и во секоја заедница која ја цени слободата на изразување, вклучувајќи ги и училиштата.
Контроверзиите се разликуваат со времето и местото. Тие исто така варираат во размер, од локално до глобално.
Понекогаш може да се појави контроверзија во самото училиште. На пример, луѓето може да не се согласуваат со:
- тоа што се предава во вашето училиште, на пр. еволуцијата,
- правилата на вашето училиште, на пример, за тоа што носат учениците,
- вашите односи со локалната заедница, на пример, третман на ученици-мигранти
Како директор, со право ќе бидете загрижени за начинот на постапување со контроверзните прашања во вашето училиште – без разлика дали е во дискусија на час, на дебата во студентскиот парламент или на состанок на родители. Треба да бидете свесни за последиците ако работите излегуваат од рака и за штетата што може да ја предизвика врз репутацијата на вашето училиште.
Ова е причината зошто е важно:
- да ги разберете ризиците при справување со контроверзни прашања
- да ги набљудувате проблемите што сметате дека веројатно се контроверзни
- да го обучите вашиот персонал како мудро да се справува со контроверзните прашања.