Клучни принципи за демократско раководство во училиштата со пристап за училиштето како целина
Living Democracy » Principals » ЛИДЕРСТВО » Демократско раководство на училиштата – пристап за училиштето како целина кон ОДГ/ОЧП » Клучни принципи за демократско раководство во училиштата со пристап за училиштето како целинаВрз основа на Референтната рамка на компетенции за демократска култура, том. 3, стр. 97.
1. Почитување на локалниот контекст и локалните начини на работа
Без разлика дали во општеството или на училиште, културата наметната од лидер ќе биде автократска, а не демократска. Демократска култура се развива преку учество на граѓаните и во училишен амбиент од сите засегнати страни на кои им треба охрабрување да придонесат со нивната стручност.
2. Овозможување на сите засегнати страни да развијат свои решенија за предизвици врз основа на проценка на ситуацијата
Не постои единствено главно решение за предизвиците со кои се соочуваат поединците од различни институции и земји. Преку проценка на моменталната состојба во училиштето, вклучително и неговите потреби и капацитет, клучните засегнати страни подобро разбираат за неговите специфични предизвици и се овластени да развиваат свои сопствени активности. Ова пак го зголемува чувството за сопственост на учесниците и мотивацијата за промена.
3. Поттикнување на учење преку пракса со учество на сите засегнати страни
Демократските компетенции најдобро се развиваат преку секојдневна пракса, вклучително и учество во донесување одлуки, почитувани и еднакви интеракции и демократски наставни и методи на учење. Ова бара посветено партнерство на сите засегнати страни – почнувајќи од ученици, наставници, лидери на училишта и родители, до локалните власти и други чинители во заедницата. Покрај тоа, ја илустрира виталната важност на образовните институции како целина во процесот на учење и промовирање на културата на демократијата.
Преку учество во училиште, учениците се стекнуваат со потребните вештини за демократско граѓанство во животот на возрасните. Ова е и учење „за“ и „преку“ демократија и човекови права во ОДГ/ОЧП како пристап за целото училиште. Види: http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-1/unit-3/chapter-1/
4. Интегрирање на градење на капацитетите во процесот на планирање на училиштето
Промените во училишната култура се поодржливи кога тие се вградени во процесот на формално планирање на училиштето, како што е создавање изјава за училишна мисија (видиe Прирачник за работа 2.1).
5. Поддршка на локалните проекти и иницијативи на долг рок
Потребно е време и напор за да се надмине отпорот кон промените и да се трансформираат начините на интеракција и практики во училиштата. Системската промена не може да се постигне со еднократен обид. Долгорочната поддршка е клучна за видливи резултати и одржлив ефект. Ова е принципот на преземање на мали чекори, наместо правење на еден голем скок. Исто така, бара трпеливост, давање време на луѓето да се прилагодат на демократските промени, почнувајќи од засегнатите страни кои се посветени и заинтересирани за демократско раководство во училиштата.