Изјава за мисија на училиштето – проект за цело училиште
Living Democracy » Principals » ЛИДЕРСТВО » Компетенции за демократска култура » Изјава за мисија на училиштето – проект за цело училиштеИзјава за мисија на училиштето – Работете кратко и јасно (РКЈ)
Многу образовни институции и училишта, но исто така деловни претпријатија и владини институции користат изјави за мисија. Изјавата за мисијата на училиштето е нешто како визит-карта за надворешни партнери и референтна точка за секојдневната работа во училиштето и потсетник за училишната заедница за нејзината заедничка визија и упатство.
Изјавата за училишна мисија треба да го следи принципот РКЈ – Работете кратко и јасно. Накратко, и на јазик што им се обраќа на не-стручните лица, таа ги посочува перспективата за развој или клучните принципи што ја дефинираат заедничката визија и профил на училиштето. Изјавата за мисијата ниту ги објаснува причините за направените избори, ниту дава информации за спроведувањето. Изјава за мисијата треба да биде амбициозна, но целта не треба да биде надвор од дофат. Изјавата за мисијата е отворена за ревизија, но ќе го изгуби кредибилитетот ако често се менува.
Види
https://www.missionstatements.com/school_mission_statements.html
https://www.educationworld.com/a_admin/admin/admin229.shtml
Фокусирајте се на едно едноставно прашање во сесијата за развивање на идеи (brainstorming)
Училишната заедница е хетерогена, здружувајќи две или три генерации, професионални наставници, деца и адолесценти. Ако се вклучени и родители, училишната заедница наликува на микрокосмос на различноста и плурализмот во општеството како целина. Во ваквите современи општества, предизвикот за демократијата е да се обезбеди сите граѓани, без оглед на нивната позадина, да бидат ангажирани и да разберат што е на дневен ред, бидејќи донесувањето одлуки инаку би станало привилегија на елитата на експерти.
Така, процесот на создавање изјава за училишна мисија треба да започне со фаза развивање на идеи во рамките на секоја група – тимот на лидери на училишта, наставници, ученици и родители. За овој обид за развивање на идеи, важно е да изберете едно значајно прашање за сите групи. За изјава за мисијата што истакнува една клучна цел, доволно е едно едноставно, отворено прашање, како што е „Што го прави едноучилиште добро?“ Прашањето мора да му овозможи на секој член на училишната заедница да одговори, зависно од нивното ниво на разбирање и црпејќи од нивното лично или професионално искуство. Со други зборови, секој треба да биде во можност да дејствува како експерт. Директорот на училиштето и вработените треба да разговараат за изборот и формулацијата на клучното прашање и да ги земат предвид неговите импликации за крајната изјава за мисијата.
Сесијата за развивање на идеи (brainstorming) започнува со идеите и интересите на сите поединци. Така, треба да се очекува широк спектар на придонеси што ја отсликува плуралистичката заедница. За да се дојде до една едноставна изјава, неопходен е процес на интеграција и приоретизирање, исто како и во демократското одлучување и во креирањето политики. Во ОДГ/ОЧП, различни модели покажуваат како да се организира таков процес на развивање на идеи. Тие се погодни за ученици од сите возрасни групи, наставници, лидерите на училишта и родители. Како што беше предложено погоре, целиот процес на размислување се фокусира на истото прашање во секоја група.
- Размислете – Спарете – Споделете https://www.teachervision.com/group-work/think-pair-share-cooperative-learning-strategy
- Ѕид на тишината http://www.living-democracy.com/textbooks/volume-6/chapter-7/exercise-1/
Рамка за дискусија и донесување одлуки
Користете ја институционалната рамка што е воспоставена во вашето училиште (види Прирачник за подготовка 3.1). Или пак следете го овој дизајн за да формирате ад-хок групи. Избраниот совет на наставници, ученици и родители, со кој претседава директорот на училиштето, на крајот треба да ја усвои нацрт-изјавата за мисијата. Овој облик на репрезентативна демократија обезбедува дека сите групи на засегнати страни, без оглед на нивната големина, се подеднакво застапени. За да се обезбеди широка поддршка и утврдување на изјавата за мисијата, препорачливо е да се постави кворум од 75% или 80% за одобрување.(види Демократско управување на училиштата, Совет на Европа издание 2007 година, стр. 36 f).
Компетенции за демократска култура (КДК) како изјава за училишна мисија
Изјавата за училишната мисија треба да биде широко прифатена во училишната заедница. Следствено, никој не треба да се чувствува исклучен од нејзината содржина заради дискриминација врз основа на возраст, верско уверување, етничко потекло, пол, лични или групни интереси. Изјавата за мисијата не треба да се поистоветува со одреден став или групен идентитет, туку да ги потенцира клучните принципи и еволуирачката перспектива што може да ја поддржат сите членови на училишната заедница. Ние веруваме дека КДК (види Прирачник за подигнување на свеста 2.1) ги исполнува овие критериуми.
„КДК и пристапот на целото училиште им дава важна перспектива за развој на училиштата за тоа како да станат подемократски, имајќи ги предвид клучните области на училишниот живот, како што се настава и учење, управување со училиштата и културата и соработка со заедницата. На овој начин, развојот на демократска училишна култура и компетенции на демократска култура кај учениците станува училишна мисија.” (Референтна рамка на компетенции за демократска култура, том 3, стр. 96.
Преглед на процесот на дискусија и донесување на одлуки
- Развивање на идеи (brainstorming) на час, состаноци на родители и вработени (види повеќе детали погоре).
- Портпаролите ги презентираат нивните развиени идеи пред работната група чија задача е да подготват изјава за мисијата. Оваа група треба да вклучува волонтери кои ги претставуваат сите групи на училишната заедница.
- Нацрт-изјавата за мисијата е претставена на секој клас, вработените и родителите. Членовите на нацрт-работната група присуствуваат на секоја средба, ги објаснуваат своите одлуки и собираат повратни информации.
- Нацрт-работната група потоа дискутира за добиените повратни информации и го финализира својот нацрт.
- Училишниот совет, без оглед дали е веќе основан или формиран ад хок, потоа ја усвојува изјавата за училишната мисија со мнозинство гласови.
Дебрифинг и спроведување
- Изјавата за мисијата се истакнува на веб-страницата на училиштата, во училишните флаери за посетители и нови родители и на постерите во просторијата за вработените и секоја училница.
- Со своите наставници, учениците разговараат за нивното искуство за демократско учество во овој процес на донесување одлуки, поврзувајќи го со концептот за демократска училишна култура.
- Портпаролите на родителите даваат повратни информации за учеството на родителите на состанок на персоналот.
Училишната заедница разговара за следните чекори за спроведување на изјавата за мисијата.