Компетенции за демократска култура (КДК) – развојна перспектива за училиштето и општеството

Living Democracy » Principals » ЛИДЕРСТВО » Компетенции за демократска култура » Компетенции за демократска култура (КДК) – развојна перспектива за училиштето и општеството

1емократските институции зависат од согласноста и поддршката од граѓаните. Институционалните рамки не можат да преживеат ако луѓето за коишто се наменети да им служат ги отфрлат или им се спротивставуваат или не се во можност да учествуваат во нив. Затоа, демократска култура е од суштинско значење за демократските земји, а училиштата се местото каде што младите граѓани можат да учат, практикуваат и да разберат што е демократската култура.

„Демократската култура“ е нејасен термин и затоа е тежок за справување за практичарите. Еден проект инициран од Советот на Европа (2014 – 2017) се обиде да го реши овој проблем преку развивање на модел на компетенции за да ги опише различните димензии на демократската култура и да ги посочи компетенциите што придонесуваат за демократскиот културен идентитет на една личност.Моделот на компетенции од Советот на Европа, Компетенции за демократска култура, вклучува четири димензии – вредности, ставови, вештини и знаење и разбирање. Терминот „компетентност“ е дефиниран како „способност на лицето да мобилизира и да распоредува релевантни вредности, ставови, вештини, знаења и/или разбирање за да одговори соодветно и ефективно на барањата, предизвиците и можностите … во даден контекст“ (Компетенции за демократска култура, стр. 23).

Моделот на компетентност за демократска култура беше усвоен од Комитетот на министри во Советот на Европа, со што се овластува да се користи во сите образовни институции во Европа.

Демократската училишна заедница може да обезбеди модел на демократска култура. Во овој контекст, вашите ученици имаат можност да ги стекнат компетенциите на демократската култура преку искуство и пракса. Вие како лидер на училиштето и вашите наставници сте примери кои им ги демонстрираат на вашите ученици моделите на однесување и компетенциите што ја промовираат или се спротивставуваат на демократската култура во вашето училиште. Затоа, важно е вие и вашите вработени да размислите за пораките што ги испраќате преку вашето однесување. Горенаведениот модел на компетенции за демократска култура може да послужи како упатство.

Моделот на Советот на Европа за демократска култура ги вклучува следниве компетенции:

Вредности
  • Вреднување на човековото достоинство и човековите права
  • Вреднување на културната разновидност
  • Вреднување на демократијата, правдата, правичноста, еднаквоста и владеењето на правото
Ставови
  • Отвореност кон културните различности и кон другите верувања, погледи на светот и практики
  • Почитување
  • Граѓанска свест
  • Одговорност
  • Самоефикасност
  • Толеранција на двосмисленост
Вештини
  • Автономни вештини за учење
  • Вештина за аналитичко и критичко размислување
  • Вештини за слушање и набљудување
  • Емпатија
  • Флексибилност и прилагодливост
  • Лингвистички, комуникациски и полиглотски вештини
  • Вештини за соработка
  • Вештини за решавање конфликти
Знаење и критичко разбирање
  • Знаење и критичко разбирање на себе
  • Знаење и критичко разбирање на јазикот и комуникација
  • Знаење и критичко разбирање на светот

Овој пакет на компетенции за демократската култура служи како референтна рамка на која и обрнуваме внимание во сите делови за директорите на училиштата на оваа веб-страница.