Да се вклучат чинителите вклучени во раководење на училиштето
Во демократската училишна заедница, важно е сите засегнати страни да имаат можност за учествуваат. Тие треба да бидат вклучени во комуникацијата, вмрежувањето и одлучувањето. Со вклучување на локалната заедница, вашето училиште покажува дека не сака да се затскрие туку напротив да игра активна улога во општеството.
Искажување на мисијата на училиштето – проект за целото училиште
Многу образовни институции и училишта, но исто така деловни претпријатија и владини институции користат изјави за мисија. Изјавата за мисијата на училиштето е нешто како визит-карта за надворешни партнери и референтна точка за секојдневната работа во училиштето и потсетник за училишната заедница за нејзината заедничка визија и упатство.
Донесување одлуки во демократското раководење на училиштето
Ако никој не го знае главноторешение за даден проблем, членовите на училишната заедница треба да најдат заедничко. Со прифаќање на пристапот на училиштето како целина, сите членови на училишната заедница можат да придонесат со нивната стручност и да се залагаат за нивните гледишта и нивните интереси.
Демократското раководење со училиштето во пракса: – одлучување – создавање училишни правила
Пред да се одржи дискусија за училишните правила и да се донесат одлуки, неопходно е сите засегнати страни да ги знаат своите права за учество. Било со закон или преку договор од страна на вашата училишна заедница, потребно е да имате воспоставено училишни правила за учество – по можност во форма на постојана рамка.