Цели на учење | Да се работи на дефиницијата за учењето и да се поврзе со учењето за демократија на училиште |
Задачи | Наставниците доаѓаат до заедничка дефиниција за учењето и ја применуваат во и надвор од училницата |
Ресурси | Хартија и пенкало, работен лист |
Методи | Индивидуална работа, работа во групи, пленарна дискусија |
Разновидноста е добра, но синтезата е подобра. Клучно е да се согласиме за заедничка дефиниција за учењето. Уште подобро е да се вклучат што е можно повеќе различни аспекти во ова. Вие и вашите вработени сте различни личности, како што сите ние имаме право да бидеме. Значи, за да го искористиме ова право за демократски придобивки на училиштето, треба да дојдеме до заеднички прифатена, богата и практична дефиниција за учењето.
Во Живеење во демократија, книга IV, Учество во демократија, стр. 162-164, http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-4/part-2/unit-6/lesson-1/
Лекција 1, „Нашиот најитен проблем е…“, е дискусија за поставување на политичка агенда. Може да го користите методот „Ѕид на тишината“ опишан таму, кој го парафразира клучното прашање „Според мене, учењето е“ и соодветно да ја измените табелата на страницата 163. Овој метод е погоден за до 25 или 30 учесници, така што доколку учествуваат повеќе наставници, поделете ги во подгрупи.
Истражувачката задача на страница 164 може да послужи и за формирање групи кои имаат исти, или слични интереси во одредени аспекти на учењето. На овој начин, можете да иницирате соработка помеѓу вработените.