Оценување и евалуација наспроти тестирање и контролирање
Living Democracy » Principals » УЧЕЊЕ » Делување » Оценување и евалуација наспроти тестирање и контролирањеРеферентни стандарди
- Побарајте од наставниците да донесат некое оценување на ученик по случаен избор (писмена, тест итн.).
- Наставниците формираат групи. Дистрибуирајте го работниот лист 1.
- Наставниците го проучуваат работниот лист (индивидуална работа).
- Во групите, тие споредуваат кои референтни стандарди обично ги земаат предвид и кои не ги користат.
- Тие разговараат за изводливоста и вредноста на оценувањето според критериумите претставени во работниот лист 1.
- Дистрибуирајте го работниот лист 2.
- Членовите на групата одговараат на прашалникот.
- Тие го проверуваат нивното оценување користејќи го работниот лист 2
- Размислување за силни и слаби точки во оценувањето
Работен лист 1
(засновано на Живеење во демократија, книга I, Образование за демократија, стр. 103)
http://www.living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-5/chapter-2/lesson-4/
Постојат три различни основни референтни стандарди за оценување на успешноста на учениците:
- Индивидуален критериум: сегашните постигнувања на ученикот се споредуваат со претходната работа.
- Критериум на цели: постигнувањата на ученикот се споредуваат со целите на учење што се дефинирани.
- Социјален критериум: постигнувањата на ученикот се споредуваат со оној на учениците во истиот клас или истата возрасна група.
(За повеќе информации за горенаведените критериуми, Живеење во демократија, книга I, Образование за демократија, стр. 104) http://www.living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-5/chapter-2/lesson-5/
Тип на критериум | Индивидуален критериум | Критериум на цели | Социјален критериум |
Референтна точка | Напредок во учењето | Цел на учењето | Нормална крива на дистрибуција, аритметички просек, девијација |
Информација | Колку научил/а од временски период 1 до в. период 2? | Колку се доближил ученикот до целта на учење? | Колкава е девијацијата на индивидуалниот напредок од просекот? |
Тип на оценување | Тестови, вербално оценување, извештај за напредок во учење, структурирана форма на набљудување | Тест насочен кон целите, извештај за напредок во учење, структурирана форма на набљудување | Тест,вклучувајќи и ориентиран кон оцени на просекот од класот |
Педагошко значење | Многу високо | Многу високо | Често се користи за селекција; не е важен за насочување кон помош за учениците |
Работен лист 2
(засновано на Живеење во демократија, книга I, Образование за демократија, стр. 105)
http://www.living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-5/chapter-2/lesson-6/
Прашања за самоевалуација
Процес на учење на учениците:
Како да се уверам дека учениците ги постигнале целите? | |
Дали учениците редовно го согледувале успехот додека учеле? | |
Дали се свесни за напредокот што го постигнале? | |
Дали мојата настава им дава на момчињата и девојчињата еднаква шанса за успех? | |
Дали учениците свесно го гледаат, контролираат и подобруваат своето учење и работни навики? | |
Дали на учениците им беа дадени упатства што ќе им помогнат додека учат? | |
Дали учениците можат сами да го контролираат и оценат своето однесување кон учењето и нивните резултати? | |
Во својата самооцена, дали учениците се осврнуваат и на сопствените цели, стандарди, критериуми или потреби? | |
Дали го гледам напредокот на поединечни ученици? | |
Како да ги идентификувам проблемите со учењето на поединечни ученици? | |
Како ја набљудувам социјалната интеракција на часот? | |
Како водам евиденција за моите забелешки и оценувања на поединечни ученици и паралелката како целина? | |
…
|
Некои прашања во врска со процесот на учење на наставникот:
Како, кога и со кого размислувам за моето предавање? | |
Како да им дозволам на моите ученици да учествуваат? | |
Како да ги поврзам успехот или неуспехот на учениците со моето предавање? | |
Како го препознавам мојот напредок во наставата и како да учам како наставник? |