Поврзување на учењето со реалниот свет: Проверка на моите наставни цели
Living Democracy » Principals » УЧЕЊЕ » Делување » Поврзување на учењето со реалниот свет: Проверка на моите наставни целиЗа учењето да биде значајно, учениците мора да бидат во можност да ги поврзат резултатите од учењето со нивното искуство и интереси во реалниот живот. Затоа, од суштинско значење е наставниците да ги проверат своите цели ако имаат намера да го поврзат своето предавање со реалниот свет.
- Вовед во задачата, нејзината цел и фокус.
- Наставниците со исти или поврзани предмети формираат групи.
- Дистрибуирајте го работниот лист.
- Оставете време членовите на групата да го пополнат списокот.
- Членовите на групата разговараат за нивните одговори.
- Според нивната важност, тие ги подредуваат прашањата, рангирајќи ги по бројки во секој ред.
- Групите ги презентираат своите први три приоритети.
- Испитување, водено од следниве прашања:
- Дали се согласуваме за нашите приоритети?
- Зошто целите на часовите се клучни за поврзување на часовите со реалниот свет?
- Колку е изводлив ваквиот список во нашето училиште?
- Кои се главните пречки при примена на таков список во нашата секојдневна наставна практика?
Работен лист
Од Живеење во демократија, книга 1, Образование за демократија, Задача и клучни прашања, страни 67-68: http://www.living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-2/chapter-2/
Кои цели сакам да ги постигнам? | |
Кои компетенции ќе бидат најважни на крајот на темата? | |
Какви причини имам за изборот на овие цели? | |
Кои приоритет им давам на моите цели (примарни и секундарни цели)? | |
Кои цели се сега важни – за класот како целина, за поединечни ученици, машки и/или женски? | |
Дали внимавав дека целите кои ги одбрав им служат на главните интереси и потреби на моите ученици? | |
Дали моите часови навистина одговараат на тоа со што се зафатени моите ученици? | |
Дали е возможно учениците да учествуваат во дефинирањето или избирањето на целите на учење? | |
Колку време (часови и недели) е одделено за постигнување на целите? | |
Кои цели треба да ги постигнат сите ученици во даденото време за настава (општ стандард за постигнувања)? | |
Дали треба да се дефинираат посебни нивоа на постигнувања за поединечни ученици (образование според индивидуална способност)? | |
Дали им овозможив на учениците да продолжат од знаење кон делување, т.е. дали можат самоуверено да го применат стекнатото знаење? | |
На што да се концентрирам во мојата настава – когнитивни, лични или социјални компетенции? | |
Дали имам јасна замисла за краткорочните и долгорочните цели кои се од првенствена важност за мојот клас, за групи на учење, за поединечни ученици и ученички? | |
Дали јасно и изречно ги кажав целите? |