Училиштето како заедница за учење
Living Democracy » Principals » УЧЕЊЕ » Делување » Училиштето како заедница за учењеАктивност 1
Ова ми се допаѓа
Врз основа на Живеење во демократија, книга II, Растење во демократија, стр 18, 113;
http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-2/unit-1/lesson-1/
http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-2/students-manual-10/student-handout-1/student-handout-2/
Оваа вежба може да се користи во училишна обука за сите вработени или помали групи на наставници. Испитувањето на крај може да покрене прашања или предлози за дополнителни теми за обука на наставниците. Ако учествуваат повеќе од 30 наставници, предлагаме да се создадат подгрупи кои ќе ги споделат своите резултати во последователна пленарна сесија.
Цели на учење | Наставниците меѓусебнo ги откриваат нивните способности и знаење за наставата. |
Задачи | Наставниците ги опишуваат сопствените преференции и избори во наставата во четири категории. Тие ги споделуваат своите одговори со други наставници и размислуваат за нив. |
Ресурси | Хартија и пенкала, печатени копии на работниот лист („Што сакам и што правам во наставата“). |
Методи | Индивидуална и групна работа, пленарна дискусија. |
- Групата се запознава со прашањето: Кои различни стилови на предавање ги знам?
- После првото размислување и брзо собирање на одговори, на членовите на групата им се дава работниот лист. Тие работат на тоа во два чекори:
- Користејќи ја горната половина од работниот лист, тие ги забележуваат нивните одговори во четири категории.
- Потоа, тие шетаат наоколу, разговараат за нивните преференции и избори со пет колеги и ги напишуваат своите одговори на долната половина на работниот лист.
- На пленарниот состанок, наставниците седат во круг. Нивното испитување може да се води со следниве прашања:
- Што мислите за одговорите на вашите колеги? Дали сте изненадени?
- Дали гледате некои заеднички идеи во работите што вашите колеги сакаат да ги прават, но не ги прават?
- Што се случува ако некој не знае за работите што сакате да ги правите и ги правите?
- Што се случува ако некој не знае за работите што не сакате да ги правите, но ги правите?
- Кој е можниот практичен исход од оваа активност?
Активност 2
Преземање чекори кон училиштето како една заедница за учење
Книга I од серијалот на прирачници за наставници за ОДГ/ОЧП, Образование за демократија, стр. 85 – 94, вклучува поглавје Водење на процеси на учење и избор на форми на настава. Тоа е корисна теоретска и практична алатка за оние кои сакаат да го развијат училиштето како заедница за учење. Работното досие 3 (стр. 91), Избирање соодветни форми на предавање и учење, содржи клучни прашања за овој проблем: http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-4/chapter-2/lesson-3/
Наставниците добиваат копија од работното досие 3.
- Индивидуална работа. Секој наставник го проучува работниот лист и избира три прашања што се чинат особено интересни за неа/него.
- Групна работа. Наставниците ги споделуваат своите резултати и се согласуваат на три прашања.
- Групна работа. Одговарајќи на одбраните прашања, наставниците создаваат постер со два прецизни предлози како да го подобрат квалитетот на наставата и учењето во училиштето како заедница на учење.
Работен лист
Што ми се допаѓа и што правам во наставата | ||||
Mи се допаѓа и го правам | Го правам, но не ми се допаѓа | Не ми се допаѓа и не го правам | Не го правам, но би сакал/а да го правам | |
1
|
||||
2
|
||||
3
|
||||
4
|
||||
5
|
What other teachers like and what they do in teaching | ||||
Mи се допаѓа и го правам | Го правам, но не ми се допаѓа | Не ми се допаѓа и не го правам | Не го правам, но би сакал/а да го правам | |
1
|
||||
2
|
||||
3
|
||||
4
|
||||
5
|