Образованието за вредности поттикнува само-дисциплина кај учениците
Living Democracy » Principals » УЧЕЊЕ » Подготовка » Образованието за вредности поттикнува само-дисциплина кај ученицитеШетате по ходникот во училиште. Бучавата од една училница ви кажува дека часот е излезен надвор од контрола и наставникот не е во состојба да се справи со ситуацијата. За време или брзо по часот, наставникот чука на вашата врата и бара од вас да интервенирате. Учениците кои наставникот ги посочил како проблематични ќе се изјаснат како невини, ставајќи ве во незгодна позиција на „врховен судија“. При вакви инциденти, наставникот ќе изгуби почит кај учениците.
Ова сценарио укажува на слабоста на авторитарниот стил на училишно раководство: Учениците мора да бидат принудени да ги почитуваат поставените правила и ако не го прават тоа, се очекува наставникот да ги спроведе. Ова ги прави наставниците да се чувствуваат непријатно, соочувајќи се со големо мнозинство на потенцијални проблематични ученици и непријатели на час. Постојаната контрола, пофалбите и казните се средствата што ги имаат наставниците за да спроведат ред и дисциплина.
Дисциплината кај учениците е навистина неопходна за едно училиште да работи добро. Згора на тоа, училиштето е првата институција во која влегуваат децата и младите во нивниот живот и тука учениците мора да научат да го почитуваат законот, не затоа што се принудени, туку затоа што треба да ја разберат и ценат неопходноста од владеење на правото. Сепак, системот на постојан надзор и санкции не е ниту изводлив ниту пожелен, бидејќи такво училиште ги учи учениците став на послушност, оставајќи ги неспособни да ја преземат одговорноста за училишната заедница.
Вредностите се невидливи, но тие се појавуваат во однесувањето на една личност. Во голема мерка, дисциплината не може да се спроведува, туку мора да доаѓа одвнатре. Вредностите не можат да се проповедаат, туку се учат од добар пример. Како пример, вашиот став и ставот на вашите вработени е пресуден за развој на демократска заедница заснована врз вредности.
Ако ги прашате учениците што очекуваат од училиштето, нивните одговори покажуваат дека тие често очекуваат повеќе отколку што може училиштето да понуди. Тие сакаат да го поминат своето време добро и сакаат нивното училиште да функционира правилно, иако нивното однесување понекогаш може да биде нарушувачко. Затоа, можно е да се убедат учениците дека ниту една заедница не може да функционира без правила и дека ова важи и за демократските заедници. Погледнете „Преиспитување на дисциплината и редот од демократска гледна точка“ http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-1/chapter-2/lesson-5/ .
Ако учениците ги делат вредностите што ги промовираат училишните правила, тие ќе бидат подготвени да ги прифатат и ценат. Во Компетенции за демократска култура, објавено од Советот на Европа, овие вредности вклучуваат „поддршка за владеење на правото и еднаков и непристрасен третман на сите граѓани согласно законот како средство за обезбедување правда“ (повеќе: Компетенции за демократска култура, стр. 38, бр. 7).
Правилата засновани на вредности треба да се дискутираат и да се комуницираат на час, а тука ОДГ/ОЧП игра важна улога. Во Растење во демократија, Книга II во серијата на прирачници за ОДГ/ОЧП за наставниците се опишува мал проект во кој учениците ги оценуваат постојните правила на училиштето, ги идентификуваат основните вредности и принципи и разговараат за предлози за ревидирање и подобрување на правилата. Сликата на насловната страница на оваа книга, на која се прикажуваат учениците како ги потпишуваат училишните правила што ги донеле со мнозинско гласање, го истакнува потенцијалот за учење од овој проект бидејќи тојим овозможува на учениците да учествуваат во донесувањето одлуки во училиште. Ова прашање е значајно и е вистински дел од животот на училиште. Образованието за демократско граѓанство и вредностите на демократската култура се возможни со сите возрасни групи. Растење во демократија се однесува на наставниците во основно образование, така што проектот за учество во донесувањето одлуки на училиште може да се прилагоди за постарите ученици. Погледнете на http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-2/unit-5/
Учениците се потполно свесни дека треба да се следи нивното однесување и дека правилата ќе бидат спроведени доколку истите се прекршат. Ова останува одговорност на директорот и вработените, во согласност со законодавството на училиштата.Оние ученици кои развиле став на граѓанско размислување, „чувство на одговорност кон другите луѓе во рамките на заедницата и прифаќањето дека една личност одговара пред другите за неговите одлуки и активности “ (повеќе: Компетенции за демократска култура, стр. 41), ќе создадат помалку проблеми со дисциплината бидејќи развиле само-дисциплина и можат да преземат одговорност за нивното однесување.