Поврзување на часовите со реалниот свет
Living Democracy » Principals » УЧЕЊЕ » Подготовка » Поврзување на часовите со реалниот светВодењето училиште е тешка задача за еден директор, таа бара да имате јасна идеја за вашите клучни институционални цели. Постојат добри начини да ги поврзете различните проблеми и малите чекори како делчиња од сложувалка во една голема слика. Имајќи ја предвид оваа голема слика, честопати ќе ви помогне да бидете подготвени за изненадувања, претежно непосакувани, пред да се случат.
„Демократското учество за учениците треба да биде ограничено на ученички совети и да се занимаваат со активностите во училиште, но не и во училницата. Часовите се премногу важни за учениците да се мешаат во нив “.
Овој став е вообичаен во училиштата, а луѓето што го застапуваат ова очекуваат учениците едноставно да прифатат без збор, да ги почитуваат училишните правила и наредбите од вработените. Но, од друга страна, очекуваме учениците да се подготват за својата улога како возрасни граѓани во демократската заедница. Дали навистина веруваме дека учениците некако сами ќе се развијат во демократски граѓани, само преку посета на училиштето за неколку години?
„Дали некогаш ќе ми треба ова во животот? – во реалниот свет? Зошто ми треба ова?“ Прашањата како овие укажуваат на разликата помеѓу времето што учениците го поминуваат на час и надвор од часот. Учениците нема да бидат задоволни од аргументот дека часот е корисен затоа што министерството го вклучило во наставната програма, или затоа што наставникот така вели, или затоа што ги подготвува за тестовите. Наместо тоа, овие прашања ги потсетуваат наставниците што значи дидактиката: Тие мора да бидат способни да го објаснат својот избор на теми и цели за учење, имајќи предвид дека нешто станува интересно ако е поврзано со реалниот живот и со она што веќе го знаат учениците.
Доколку сакате да разговарате за оваа тема со вашите наставници, овие материјали ќе ви помогнат:
Наставниците можат да направат мали чекори ако сакаат да одговорат на потребите за учење на учениците, но сепак треба да ги направат: http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-1/chapter-2/lesson-7/
Наставниците кои сакаат да размислуваат за нивните дидактички одлуки, ќе најдат помош овде: http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-2/
Демократското граѓанство може да се научи во училиште преку искуство и размислување. Образованието за демократско граѓанство и човекови права (ОДГ/ОЧП), и како тема на час и целокупен пристап на училиште, покажува многу начини како да ги поврзете темите на часовите со реалниот свет, а особено со животот во училиште. ОДГ/ОЧП сугерира различни патеки за да одговараат на различни стилови на учење. За наставниците кои претпочитаат курсеви ориентирани кон наставниците, ОДГ / ОЧП нуди вежби на теми и примери поврзани со искуството на учениците. Наставниците кои се заинтересирани за модели на соработка и учење засновано на задачи ќе најдат изобилство материјал во прирачниците на ОДГ / ОЧП (http://living-democracy.com/mk/teachers/).