Оценувањето е многу повеќе од тестирање и контролирање
Living Democracy » Principals » УЧЕЊЕ » Подготовка » Оценувањето е многу повеќе од тестирање и контролирањеОценувањето се чини дека е крај на трката. Евалуацијата го претставува чукањето на срцето на едно живо тело. Нивната употреба може да ја претвори вашата улога на директор во кошмар или пак, може да ви понуди корисна алатка. Како скоро сè на училиште, тоа е проблем кој бара сериозно внимание значително пред завршните испитувања.
Тестирањето не е оценување
Наставникот влегува на часот. Тој/таа претставува некој проблем, ги потенцира важните делови и фактори, објаснува што мисли дека треба да се објасни и дава еден или два примери. Ученикот го слуша и го следи темпото на наставникот. Тој/таа оди дома, го наоѓа проблемот во учебникот, чита за проблемот, ги потенцира важните делови, се сеќава на објаснувањето и решава една или две вежби. На следниот час наставникот бара од ученикот да повтори дел од дадениот проблем. На крајот, тој/таа формулира прашања за ставки од целиот дел и очекува да бидат одговорени во писмена форма. Некој некој ми дава нешто, се справувам со тоа, го враќам. Давателот ја проверува точноста. Според деловите што недостасуваат, тој/таа ги одзема еквивалентните бодови.
Ова е сумативно оценување, фокусирано на постигнувања во учењето, кое сите го знаеме од тестирања и оценувања. Во нашите училишни системи се бара овој вид на оценување за да се дадат свидетелства/дипломи. Исто така, тоа е средство за контрола, но не и за евалуација, бидејќи всушност ја мери ефикасноста на наставата како начин за трансформација и пренесување на информации.
Тестирањето и контролирањето имаат сериозни слабости. Критериумите за оценување се честопати или премногу нејасни, така што тие не можат да дадат правични мерења, или премногу строги, така што тие не можат да бидат одговорни за разновидноста на јаките и слабите страни на учениците. Ако ја земеме предвид субјективноста на лицето кое ги оценува постигањата на учениците, тогаш за ист успех може да се добие тотално различни оценки, а повратните информации за ученикот ќе бидат скоро бескорисни.
Формативно и прогностичко оценување.
Не само во ОДГ/ОЧП, туку и во добрата настава воопшто, оценувањето ги гледа и индивидуалните ученици и нивните процеси на учење (формативно оценување) и кои резултати може да се очекуваат (прогностичко оценување). Овие форми на оценување ги одразуваат личните вредности на учениците и нивните специфични јаки страни и потреби за учење.
Критериумите за оценување се алатки за да се анализираат грешките на индивидуалните ученици, наместо тие да се поправат. Наставниците дискутираат со учениците како да ги надминат нивните тешкотии, а учениците преземаат одговорност за нивниот напредок во учењето. На овој начин, формативното и прогностичкото оценување ги поврзува наставата и учењето со демократските вредности, овозможувајќи и охрабрувајќи ги учениците да учествуваат во демократијата и да бидат успешни во нивното понатамошно изучување.
За подетален увид во сумативното, формативното и прогностичкото оценување, видете на http://living-democracy.com/mk/textbooks/volume-1/part-2/unit-5/chapter-2/lesson-3/.
Споделување на критериумите за оценување со учениците
Затоа, оценувањето треба да биде дел од демократските вредности на едно училиште. Следи дека во сумативното оценување, критериумите треба да бидат фер и јасни, и тие мора да бидат транспарентни за учениците. Ова не служи само за образование за демократско граѓанство и човекови права, туку е и предуслов за добро учење – во сите предмети. Покрај тоа, вие и вашите вработени мора да дискутирате и да се договорите за обемот на оценувањето. На пример, дали се фокусира само на знаење и вештини, или вклучува и ставови и вредности?
амооценување на наставниците
Наставниците не можат да избегаат од нивните индивидуални перспективи и како тие влијаат врз оценувањето на нивните ученици. Така што, тие треба да бидат свесни дека разликите во оценувањето од еден наставник до друг може да бидат нефер за индивидуалниот ученик. Наставниците треба трајно да размислуваат за нивните процедури на оценување, кое може да се постигне преку надгледување од колеги и меѓусебна повратна информација. Друг метод е слушање на повратни информации од учениците. Трет пристап е самооценувањето. Првата книга од прирачниците за ОДГ/ОЧП за наставници, Образование за демократија, содржи комплетно поглавје за оценување на учениците, наставниците и училиштата а исто така вклучува и список за проверка за самооценување на наставниците