Оценување на родовата чувствителност на моето училиште засновано на човекови права

Living Democracy » Principals » УЧИЛИШТЕ ЗАСНОВАНО НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА » Оценување на родовата чувствителност на моето училиште засновано на човекови права

Свесност

Родовата еднаквост е во срцето на принципите на човековите права и вредностите на Обединетите нации. Начелата поврзани со човековите права забрануваат дискриминација врз основа на пол, што значи дека од нејзините земји-членки се бара да ја промовираат родовата еднаквост. Според целта 5 на ООН за одржлив развој, родовата еднаквост не е само основно човеково право, туку и неопходна основа за мирен, попросперитетен и одржлив свет.

Според Светската здравствена организација, полот и родот се важни детерминанти на здравјето. Биолошкиот пол и социјално конструираниот род имаат интеракција која создава диференцијални ризици и ранливост на влошено здравје, како и разлики во барањето подобро здравје и ефекти врз здравјето на жените и мажите. „Родот“ ги опишува оние карактеристики на жените и мажите кои се во голема мера социјално создадени, додека „полот“ ги опфаќа оние што се биолошки определени. Сепак, овие термини честопати погрешно се користат наизменично во научната литература, здравствената политика и законодавството.
(https://www.who.int/genomics/gender/en/ 21 август 2020 година)

Родот се сфаќа како односи меѓу мажи и жени, и перцептивни и материјални. РAодот не се одредува биолошки, засновано врз половите карактеристики на жените или мажите. Родот се гради социјално. Тоа е централен принцип на организирање на општествата и често ги регулира процесите на производство и репродукција, потрошувачка и дистрибуција. И покрај оваа дефиниција, родот честопати е погрешно сфатен како унапредување исклучиво на жените. Сепак, родовите прашања се фокусираат на жените и на односот помеѓу мажите и жените, нивните улоги, пристапот и контролата над ресурсите, поделбата на трудот, интересите и потребите. Родовите односи влијаат на безбедноста на домаќинството, семејната благосостојба, планирањето, производството и многу други аспекти на животот.

Родот е интегрален аспект на сите области на образованието за да се обезбеди не само исполнување на основните потреби на девојчињата и момчињата, туку и тие да имаат можност – без оглед на нивниот пол – да го постигнат својот целосен потенцијал и да ги остварат своите човекови права.

За жал, стручњаците во образованието честопати го поистоветуваат родот со одредени „очекувани“ однесувања (што треба да прават „момчињата“ наспроти она што треба да прават„девојчињата“). Тие не успеваат да ја видат пошироката слика за социјално конструираните улоги и стереотипите што доведуваат до вакво однесување.

Родовите улоги се создадени од општеството и се учат од една генерација до друга како дел од културата на општеството. Бидејќи родот е општествено научен конструкт (на пример, научен во семејството или во училиште), сè што е поврзано со него може да се смени за да се постигне правичност и еднаквост и за жените и за мажите.

Кога станува збор за училиште и учење, ставовите и постапките на семејствата и наставниците можат драматично да влијаат на когнитивниот развој на девојчињата и момчињата. Семејствата експлицитно или имплицитно ги дефинираат различните улоги што момчињата и девојчињата треба да ги играат и овој процес започнува рано. Меѓукултурните истражувања покажуваат дека децата почнуваат да бидат свесни за разликите во половите и стереотипите на возраст од околу две до три години. На возраст од четири до пет години, децата честопати се поригидни и стереотипни отколку што ќе бидат подоцна. Секој расте помеѓу влијанието на своето семејство и училиштето во кое оди многу години и многу часови во денот.

Разликите засновани на пол во институционалните образовни пристапи се вид на полова дискриминација во образовниот систем што може да влијае на мажите и жените за време и по нивните образовно искуство. Кај мажите има поголема веројатност да бидат писмени во глобален просек, иако во многу земји кај жените се распространети повисоките оценки за писменост. Мажите и жените доживуваат родови разлики кога ги постигнуваат своите образовни цели. Иако мажите и жените можат да имаат исто ниво на образование, на жените им е потешко да добијат работни места со повисок ранг, а идните вработувања и финансиските проблеми можат да се интензивираат. Кај мажите имаше тенденција да добиваат поголемо образование отколку жените во минатото, но родовиот јаз во образованието се промени во последните децении во повеќето западни и многу не-западни земји.

Дали е нормално во вашето училиште да се поставуваат прашања како овие: „Дали има алтернативи за тоа само девојчиња да ја чистат училницата?“ или „Што би се случило ако момчињата чистат, а девојчињата ги преместуваат работните маси?“ Овој вид критичко размислување може да ги инспирира луѓето да размислуваат, да ги преиспитаат и повнимателно да ги разгледаат сопствените претпоставки.

Дали девојчињата и момчињата имаат еднакви можности да влезат во вашето училиште? Дали девојчињата и момчињата комуницираат едни со други како еднакви во вашето училиште? Дали девојчињата и момчињата комуницираат различно со нивните наставници (машки и женски)? Дали родовите стереотипи се рефлектираат во наставната програма што ја учат учениците, во учебниците што ги користат, како и во клубовите и воннаставните активности во вашето училиште што се отворени и достапни за девојчиња и момчиња?

Целта во проценката на родовата чувствителност на вашето училиште е да се промовира родовата еднаквост. Овој напор да се надмине јазот помеѓу девојчињата и момчињата во однос на училишната клима и процесите на предавање и учење бара искреност и пристап – чекор по чекор.


Подготовка

Кои чекори да се преземат?

  1. Направете тим за работа во текот на целиот процес. Со вашиот тим, почнете со заедничко дискутирање на целокупниот пристап и ревидирајте ја листата на индикатори.
    а. Одберете ги оние кои се важни за вашето училиште.
    б. Додајте индикатори кои сметате дека недостасуваат.
    в. Пополнете го формуларот со околу десет индикатори кои сметате дека се важни. Бидете сигурни да одберете некои каде што сте добри, а некои каде што ви требеа дополнителна работа.
  2. Подгответе тимски план за дејствување и временска рамка за прво оценување, кое ќе биде стартна точка за понатамошен развој. Во оценувањето вклучете:
    а. Ученици
    б. наставници
    в. други вработени
    г. родители
    д. училишен одбор
    ѓ. членови на заедницата со кои можеби соработувате
    е…
  3. Развијте го планот за дејствување и временската рамка. Внимавајте тие да вклучуваат
    а. училишниот профил по првото оценување.
    б. чекори кои ќе ги преземете (во следните 6 месеци).
    в. второ оценување за да се увиди напредувањето.
24 можни индикатори за вашето училиште да го оцени родово-балансираното образование и однесување во вашето училиште:
  1. Постојат и се спроведуваат изјава за визија и/или мисија на училиштето и политики против родова дискриминација при запишување и практики на предавање и учење.
  2. Девојчињата и момчињата имаат еднаков пристап до бесплатно и задолжително образование.
  3. Девојчињата и момчињата учествуваат подеднакво во дефинирањето на правилата и прописите во училницата и училиштето и во одредувањето дисциплински мерки, особено во однос на спречување на дискриминација, насилство и злоупотреба.
  4. Родителите и водачите на заедницата подеднакво ги ценат женските и машките наставници.
  5. Девојчињата имаат пристап до производи и средства за женска хигиена во училиште.
  6. Девојчињата имаат ист пристап и можности за физичка игра и други воннаставни активности како момчињата.
  7. Наставната програма ги одразува реалностите и потребите од секојдневниот живот и за девојчињата и за момчињата. Ако не, се препорачуваат помошни прилагодувања на наставната програма колку што е тоа можно.
  8. Материјалите за настава и учење обезбедени од училиштето ги прикажуваат девојчињата и момчињата од различна социо-економска припадност со еднаква важност, потенцијал и почит.
  9. Материјалите за учење обезбедени од училиштето се ослободени од родова пристрасност (на пр., Термините како „тој“ или „таа“ се користат со еднаква фреквенција).
  10. Улогите, одговорностите и активностите на девојчињата и момчињата одразуваат рамнотежа на моќ и донесување одлуки.
  11. Половите стереотипи се обратни (на пример, девојчињата можат да бидат лекари или научници, момчињата можат да бидат наставници или медицински сестри).
  12. Девојчињата и момчињата се прикажани на фотографии, графики и илустрации со еднаква фреквенција и со еднаков статус (без стереотипи за половите).
  13. Девојчињата и момчињата се прикажани подеднакво на лидерски позиции и како „херои“.
  14. Девојчињата и момчињата се третираат еднакво во однос на нивната самодоверба, интелигенција и вештини за решавање проблеми.
  15. Сите наставници очекуваат и ги охрабруваат девојчињата и момчињата да придонесат и да учествуваат во учењето и другите активности подеднакво.
  16. Сите наставници подеднакво ги ценат ставовите на девојчињата и момчињата.
  17. Сите наставници веруваат дека и девојчињата и момчињата можат да постигнат еднаква компетентност во сите предмети, вклучително и писменост, броење, природни науки и животни вештини.
  18. Наставниците се обучени за активно идентификување на родова пристрасност во наставните материјали, училишната средина, сопствената настава и тие можат да ја коригираат постојната пристрасност.
  19. Вработените од стручната служба се однесуваат со машките и женските наставници на ист начин.
  20. Жените и мажите во заедницата со специјализирани релевантни знаења или вештини се поканети и добредојдени на часовите како стручни лица.
  21. Девојчињата и момчињата се чувствуваат самоуверено кога избираат предмет што може да се смета за традиционално машки или женски.
  22. Девојките се поддржани за да имаат добри познавања од математиката и природни науки.
  23. На девојчињата и на момчињата им се поделени подеднакво главните одговорности, како на пример, да се биде претседател на класот или главен во група во одредени активности.
  24. Се обезбедува еднаква застапеност на девојчињата и момчињата во училишните совети или во други училишни активности.

Дејствување

Како тим, одберете 10 индикатори од списокот.

Избрани индикатори за родова еднаквост Статус на овој индикатор во моето училиште од 1 до 10 Чекори кои треба да се направат (собрани од тимовите за дискусија)
1.
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.

 

  1. Врз основа на списокот погоре, подгответе хендаут или флипчартови кои ќе се даваат на сите засегнати страни вклучени во процесот на оценување.
  2. Организирајте состаноци со различни засегнати страни (ученици, наставници, вработени, родители, членови на одбор, итн.) Последните можат да се сретнат во прилика на некој голем школски настан или закажани состаноци, според нивната достапност.
  3. Замолете ги да дискутираат за нивното оценување и нивните коментари.
  4. Дајте им задача да осмислат предлози за подобрување.
  5. Соберете ги сите коментари и предлози во вашиот тим.
  6. Направете јасен и остварлив главен план за следните 6 до 12 месеци.
  7. Пренесете го главниот план на сите вклучени главни играчи.
  8. Испланирајте го следниот период на оценување (Транспарентноста е на прво место!).